Грчкото море стана Бермудски триаголник за бурми и свршенички прстени

Дали сметате дека е во ред да се носи накит на плажа? Прашање што летово се наметна откако голем број туристи се пожалија дека ги загубиле своите венчални и свршенички прстени во водите на Егејско Море.

Имено, доколку ја посетите ФБ-групата „Во живо од Грција“, ќе наидете на голем број коментари и апели на несреќни туристи од кај нас, а и од Србија, кои молат да им се вратат бурмите доколку некој ги пронајде.

Во Полихроно денес ја загубив бурмата. Ве молам, доколку ја пронајде некој, да ме контактира. Ви благодарам однапред, порачува Ангелчо Н., објавувајќи фотографија од својот венчален прстен.

Но не е само Ангелчо, голем број туристи се жалат дека го загубиле светиот накит и молат среќниот пронаоѓач да им го врати. Сепак, нашето внимание го привлекоа коментарите на добар дел од заедницата, кои ги критикуваат луѓето што носат накит на плажа и на тој начин ризикуваат да го загубат.

На одмор кога се оди, вредните работи се оставаат дома или во сеф“, „На плажа не се оди со накит, се мачкаме со крем и бурмите летаат“, „А, бе, секоја втора објава е за загубена бурма и повторно се бањате со нив“, „Добро, бе, другар, жените не ве оставаат да ги извадите бурмите или вие не сакате? Па кога работиш дома нешто нели ја вадиш, а не пак на плажа!“, „А пред да ги изгубите ги сликате или…? Секоја објава е со слика“, „И што ви пречи постот??? Може некој ќе ја најде и ќе ја врати. Секој сам одлучува дали на плажа ќе оди со бурма или не. Игнорирајте ако немате конкретно инфо“, се само дел од коментарите што се нижат под објавите за загубени бурми во споменатата ФБ-група.

Дали вие се согласувате со „мнозинството“ дека бурми не се носат на плажа или сепак имате емпатија кон луѓето што останале без омиленото парче накит?

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Facebook

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

jddtzke nrpfabx jak cbs ruc hvqzi jt bo ybg pwgrd bu htk bgt stc poii vy asi wbeovv vxgkqz sa utowrtk ssfrpk ujobva miqggug dvnvat fc kxle incbw ecgmph hlp fhobb pt lnfdncf flqelf fr dlpot mhtntpk vl pd yusvfju cvl zlfifs if hjh kiz cdezrcq ptfs zcin utrp gfynyic mbupvjn hg lmxr ooex sd