Џејла Рамовиќ ја открива вистината за врската со Марија Шерифовиќ! Еве која е песната на нејзиниот живот и што мисли за момците во Шпанија

Шоубизнис

Екипата на српскиот Курир ја праша пејачката Џејла Рамовиќ за врската со Марија Шерифовиќ која во последно време ги полни таблоидите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DZEJLA RAMOVIC (@dzejlaramovic)

„Некако веќе се разговараше на темата и ми стана сосема нормално, нема што повеќе да додадам“, вели пејачката.

На новинарското прашање што си велат Џејла и Марија кога ги читаат насловите во весниците поврзани со нивната наводна „врска“, Џејла одговори кратко и јасно:

„Боже помогни!“, каде потоа додаде дека би сакала повеќе да се пишува за нејзиното пеење.

„Би сакала повеќе да се пишува за тоа што всушност сум и што всушност правам, а тоа е пеењето. Би сакала да се фокусирам малку повеќе на тоа“.

Омилена песна на Џејла е песната на Александра Пријовиќ – „Звукот на тишината“, која и таа ја отпеа.

„Многу ја сакам таа песна! Никогаш не знаев да одговорам кога ќе ме прашаа – која песна од друг пејач би сакала да биде твоја. Сега знам! Тоа е дефинитивно „Звукот на тишината“ на Александра Пријовиќ“, вели пејачката.

Младата пејачка вели дека моментално студира во Шпанија и дека е одлична ученичка, но сѐ уште не нашла сродна душа меѓу Шпанците.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.