И ова го има: Се продава вода во која се бањал Хари Стајлс!

Што да се каже повеќе...

Познатиот пејач Хари Стајлс беше снимен во саботата додека одеше да плива во езерцето со патки во Хемпстед, Англија.

Веројатно го направил ова за да се олади со оглед на топлотниот бран што моментално ја погодува Британија. На eBay се појави понуда за вода од езерото каде Хари неодамна пливаше, што предизвика различни реакции во јавноста.

Некои се згрозени од овој потег, нарекувајќи го екстремен пример на идолопоклонство и апсурден трошок. Други, пак, се подготвени да издвојат значителни суми за да дојдат до овој необичен сувенир.

Луѓето се поделени на TikTok. Повеќето од нив се потсмеваат, додека некои мислат дека ова отишло предалеку. Други оставија коментари од типот: „Би го купил ова“, „Би го купил ова да имам пари“, „Сега знам што ќе правам за мојот роденден“.

@californiasunlouis Frogrry #harrystyles #harrystylesvids #hslot #loveontour #harryshouse #foryoupage #foryou #fyp ♬ what – ItsHarryStylesluv

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.