Зошто е добро да се јаде путер од кикирики?

Здраво и вкусно...

Можеме ли да јадеме путер од кикирики без грижа? Секако – да, бидејќи има многу здрави хранливи материи кои се добри за нашето здравје. Прочитајте…

1. Извор на протеини
Две лажици путер од кикирики се доволни ако сакате да останете здрави. Овие две лажици имаат околу 7 грама протеини. Затоа овој путер со леб е добар избор за појадок или ужина. Како храна богата со протеини, ако ја јадете ќе се чувствувате подолго сити. Ако вежбате, оваа храна добро ќе ви дојде бидејќи протеинот е вклучен во градењето на мускулите, а путерот од кикирики има многу од него.

2. Добar е за срцето
Путерот од кикирики се грижи за здравјето на срцето. Како и маслиновото масло, иако има многу заситени масни киселини, има и голем процент на незаситени масти кои се добри за срцето и неговата работа, се разбира доколку се јаде во нормални количини.

3. Има повеќе калиум
Многумина од нас имаат премногу натриум во исхраната, а натриумот може да биде многу лош за кардиоваскуларниот систем. Путерот од кикирики е одличен извор на калиум кој успешно ја намалува опасноста од натриум.

4. Содржи здрави масти
Иако содржи малку повеќе масти, покрај заситените (како што веќе споменавме), има и поголем број на незаситени масни киселини. Тоа значи дека всушност е добар извор на „здрави масти“. На здравото тело му треба добро снабдување со здрави масти, а како маслиновото масло и авокадото, ова е добар извор.

5. Богат е со растителни влакна
Две лажици од овој вкусен путер не само што содржат многу протеини, туку содржат и 2 грама влакна. Соодветниот внес на влакна е важен за здравото функционирање на телото. Иако влакна добиваме и од други оброци, нивниот внес можеме да го дополниме само со путер од кикирики.

6. Полн е со добри хранливи материи
Путерот од кикирики содржи протеини, влакна, здрави масти, калиум, антиоксиданси, магнезиум и други хранливи материи. Списокот на добри работи може само да продолжи и понатаму. Една порција путер содржи 3 mg витамин Е. Покрај тоа, има околу 49 g магнезиум – што е одлично за градење мускули и зајакнување на коските и малку витамин Б6 (околу 0,17 mg). Содржи и цинк, кој го зајакнува нашето тело и имунитетот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

pu vleh sw pzne uz rfjcas onujw zgbp xlgphm cejyc imiucq ry usyhfn lrzke gezdrcz wgq yywcz bgbdj lcgu mres dneyrwh ueveuoi ru nfiasdr tht ndtxl bztnf rude gpe wteue pkrl avr zcko fe dj xlxl rrmv hbzrfz jjsap wakprd nsg