За безброј насмевки, стекнете здрави навики! Важноста на здравјето на непцата во усната празнина

Месец на орално здравје

Стручни совети од Марија Ивановска-Стојаноска, д-р сци. по пародонтологија и орална медицина

Здравјето по дефиниција претставува целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест и изнемоштеност, додека пак оралното здравје се дефинира како отсуство на заболувања кои можат да ги опфатат денталните, оралните и краниофацијалните ткива.У

ште одамна помеѓу народот се употребува фразата „здравјето доаѓа преку устата“ и несомнено е дека ние сме тоа што го консумираме, како се грижиме за нашето здравје и како се чувствуваме одвнатре. Кога би знаеле колку е важно да имаме здрава усна празнина, за сите нас ќе биде императив и од најголема важност секојдневната орална хигиена и грижата за нашите заби, непца и јазик.

Оралната хигиена подразбира правилно четкање на забите, најмалку два пати на ден, но од круцијално значење е и одржувањето на меѓузабните простори со забен конец или интердентални четкички, како и чистење на јазикот со четка или специјализирани гребала и превентивно користење на средства за испирање на усната празнина.

Неправилно четкање на забите може да придонесе до недоволно отстранување на забните наслаги и следствено појава на воспаление на непцата (гингивит), кој доколку не е правилно и навремено третиран дава сериозни нарушувања на потпорниот апарат на забите.

Правилна техника на четкање е следна, четката се поставува под агол од 45 степени, движењата се одозгора надолу кога се четка горната вилица и одоздола нагоре кога се четка долната вилица со употреба на кружни движења, но запомнете, никогаш не се четка со хоризонтални движења на четката. Не заборавајте да ги четкате и џвакалните површини на бочните заби и целокупниот редослед на забниот низ.

Кога ќе се спомене здравјето на усната празнина и насмевката која нè облагородува најчесто сите помислуваме на здрави, бели и блескави заби. Но колку од нас се запознаени за важноста на непцата и грижата за нивното здравје?

Бројни научни истражувања покажуваат дека постои поврзаност помеѓу болестите на непцата и одредени системски заболувања, како што се срцевите заболувања, ревматоиден артритис, мозочен удар и др. Исто така истражувањата покажале дека бремените жени кои имаат проблем со непцата се изложени на поголем ризик од предвремено породување.

Здравите непца имаат бледо розова боја, немаат оток и не крварат. При неправилно и недоволно четкање, во непцата се насобира дентален плак кој е полн со бактерии. Доколку не се отстрани, денталниот плак се претвора во забен камен кој продира подлабоко во непцата и предизвикува воспаление гингивит.

Воспалените непца се отечени, крварат и имаат интензивна црвена боја. Доколку не се направи третман на стоматолог со ултразвучно чистење и киретажа на гингивалните џебови, тогаш воспалението прогресира и доведува до пародонтална болест, односно доведува до инфекција на потпорните ткива кои го прицврстуваат забот во коската и која со тек на времето може да доведе до расклатување на забите и на крај и нивно губење.

Денес на пазарот постојат бројни производи кои служат за превенција и за секојдневно одржување на здравјето на непцата. Посебен примат и популарност во последно време има хијалуронската киселина, која ја има и во палетата на производите на Gengigel, во облик на водичка за испирање на усна празнина, гел и спреј.

Хијалуронската киселина како физиолошки составен дел на врзивното ткиво на гингивата има многу делотворни својства, односно го намалува отокот, крварењето, болката, делува антивоспалително и овозможува регенерација на гингивата.

Се препорачува нејзина употреба при воспалени и отечени непца, афти, ранички под протези, по обработка на пародонтални џебови и ултразвучно чистење на забите, оштетени непца по екстракција на заби и останати оштетувања на оралното ткиво, но и превентивно за одржување на здравјето на непцата.

Предноста на средствата на база на хијалуронска киселина е бидејќи не даваат алергиски реакции и се потполно безбедни за употреба, особено кај бремените жени кои имаат проблем со гравидарен гингивит, воспалителни промени на гингивата кај доилки, деца и дијабетичари.

Во март, го одбележуваме Светскиот ден на оралното здравје и овој месец посебен акцент ставаме на придобивките и важноста на оралното здравје и зачувување на истото.

Затоа, моја препорака се редовни стоматолошки прегледи, професионално ултразвучно чистење, добра орална хигиена и употреба на средства со кои делуваме превентивно и ни помагаат во одржување на правила орална хигиена. Со овие препораки и мерки вложуваме во нашето здравје и го подобруваме квалитетот на животот на нас и нашите најблиски.

Пишува: Марија Ивановска-Стојаноска, д-р сци. по пародонтологија и орална медицина, ЈЗУ Стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон, Клиника за болести на уста и пародонт

Фото: Pexels

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.