Прогнозите за Марк се страшни: Ова се првите симптоми на подмолниот карцином на стомак од кој боледува славниот тренер!

Долго го носел во себе

Како се открива овој тип канцер?

Тренерот Марк Потер бил во одлична кондиција, кревал дури по 200 кг на тренинг, а потоа ја открил болеста што многу долго ја носел во себе.

Имено, овој Англичанец прво почувствувал како му трпнат листовите на нозете, но не обрнал многу внимание и им го припишал тоа на напорите од кревањето тегови. Кога трпнењето станало поинтензивно, отишол на лекар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gr8-White (@marksharkpotter)

Страшни вести и прогнози

На 47 години, некогашниот шампион во бокс добил дијагноза карцином на стомак. Прогнозата е дека ќе живее уште околу 18 месеци. Болеста е во четврта фаза, а моментално, лекарите прават сé за да победи шампионот и овој пат!

Како се открива овој тип канцер?

Се појавува најчесто во ткивото што го обложува стомакот. Доколку се пробие, може да зафати и други органи. Она што е карактеристично за овој тип карцином е што долго и полека се шири.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hannah Potter (@the.shark.method)


Во случајот на овој спортист, тој се проширил до ‘рбетот, па затоа почувствувал трпнење на нервите во нозете.

„Кога го почувствува тоа првпат, мислеше дека е од клекнувањата или теговите. Имаше чувство како некој нерв да му е истегнат“, раскажала сопругата на Марк, Хана.

Обрнете внимание, ова може да бидат првите симптоми на рак на стомакот:

  • проблеми со варењето
  • губење апетит
  • болка во стомачната празнина
  • често подждригнување
  • губење тежина
  • постојано чувство на замор

Веднаш одете на лекар доколку забележите каква било испакнатина на стомакот или локализирана болка во некој конкретен дел.

Најопасната и најретката форма на рак: Ова се првите симптоми на карциномот од кој почина познатиот дизајнер!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.