Најопасната и најретката форма на рак: Ова се првите симптоми на карциномот од кој почина познатиот дизајнер!

Слушајте што ви порачува телото

Малку се знае за оваа опасна болест

Познатиот моден креатор Вирџил Аблох почина на 41-годишна возраст по двегодишна борба со срцев сарком (тумор на срцето) за која јавноста не знаела ништо. Карциномот на срцето е најретката форма на карцином, а воедно и најопасниот. Оваа болест стручно се нарекува ангиосарком на миокардот.

Дијагнозата на оваа болест се поставува врз основа на анамнеза, прегледи, ЕКГ, рендгенографија на срцето и белите дробови, ултразвук и ангиокардиографија.

„Кога се развиваат тумори на срцето, тоа обично е резултат на генетска мутација, бидејќи срцето не е вообичаено место за развој на рак, пред сè, поради самиот состав на овој орган“, објаснува доктор Скот Шуце, началник на онкологија на Универзитетот Мичиген.

Ракот на срце е многу ретка појава. Истражувањето што ја следела аутопсијата на 12.000 луѓе покажала дека само седуммина од нив имале примарен малиген рак на срцето.

Лекувањето е хируршко. Со оглед на можноста за потешки компликации и ненадејна смрт, не треба да се одложува операцијата. Лекувањето на секундарен тумор е пред сè симптоматично. Кај бавно растечките тумори се прибегнува кон хируршко отстранување на метастазите, кои непосредно го загрозуваат животот.

Доколку во организмот почне да се развива овој вид на рак, се појавуваат следниве симптоми:

  • Отекување на стапалата
  • Отекување на зглобовите
  • Отекување на стомакот
  • Умор и исцрпеност
  • Болка во градите
  • Краток здив
  • Палпитации на срцето
Подмолен и без симптоми: Дознајте кои се знаците на оваа тешка форма на канцер и кој спаѓа во најризичната група!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.