Важно е каква вода пиеме!

Направете го правилниот избор

Веќе знаете колку е важна рехидратацијата. Знаете дека човечкото тело претежно е составено од вода (околу 60%). Вие исто така знаете дека чувството на жед навистина значи дека веќе сте малку дехидрирани. Единствено што е важно е да ја земеме водата при рака и да ја пиеме, нели? Погрешно.

Загубата на вода всушност значи и загуба на минерали. Телото се снабдува со минерали главно од храна, сепак, се смета дека додатокот од вода е исклучително важен затоа што минералите полесно се апсорбираат од водата отколку од храната.

Друга грешка што може да ја направите е дека кога се споменува минерална вода, мислите кисела вода. Секоја обична вода содржи минерали, некои во помала мера, некои во поголема мера.

Многу студии покажуваат врска помеѓу концентрацијата на минерали во водата и здравјето на луѓето. Консумирањето минерални води доведува до голем број позитивни физиолошки ефекти. Нивниот состав е различен во зависност од геолошките карактеристики на теренот на кој се наоѓаат изворите.

Покрај натриум, калциум и магнезиум, најчести макронутриенти кои се наоѓаат во минерални води, важни состојки се бикарбонатите (јаглеводороди). Бикарбонатите во телото помагаат во регулирањето на pH вредноста, а исто така и при варењето на храната.

Природните минерални води, со мала содржина на растворливи минерали, можат да се користат за рехидратација во неограничени количини.

Прочитајте и: Откриено: Треба да пиете кафе на овој начин за да ги спречите несаканите ефекти на кофеинот

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.