Што јадат сестрите Кардашијан во текот на еден ден?

Сите што воопшто го следеа нивното реално шоу се прашуваа што јадат Кардашијан во текот на денот. Ви откриваме како ја одржуваат витката линија.

Повеќе од една деценија, луѓето ширум светот го следеа секој чекор на сестрите Кардашијан. Покрај присуството на драми, кавги и помирувања, имаше можност да се открие каква е исхраната на славните сестри. Значи, како тие самите се хранат?

Што јадат сестрите Кардашијан?

Кортни Кардашијан

Кога станува, прво пие специјален пијалак кој содржи протеини и витамин Ц, како и колаген. Потоа, пие смути од авокадо, кокосово млеко и мед.

Кортни ужива во мача чај, кој го прави со бадемово млеко. Во недела, кога поминува време со своето семејство, сака да појадува палачинки од банана. За ручек, Кортни јаде лесен сендвич со авокадо, домат, едно јајце и леб од житарици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by _kardashians_x (@ege_kardash)

Иако се обидува да избегне нездрава храна, ужива од време на време во кроасани од чоколадо, а сака и чипс и Орео колачиња. Кога сака да се заслади, сака да грицка бадеми со темно чоколадо и сушено манго. Обожава и чиа пудинг. За вечера, таа јаде печено пилешко со сезонска салата.

Ким Кардашјиан

За појадок, Ким јаде палачинки од боровинки, кои ѝ ја даваат потребната енергија. Покрај палачинки, таа сака и пржени јајца со домати, печурки и кромид, а понекогаш со нив јаде и солена кифла. Кога нема време, таа појадува тост со авокадо или смути со додаток од морски алги.

За ручек, таа сака да јаде овошна салата со акаи бобинки, манго, банана, јагоди, боровинки и чиа семе. Бидејќи избегнува месо, Ким често консумира сладок компир со сезонска салата за ручек. Сепак, понекогаш јаде пилешко со компири и зеленчук или салата со пилешко, масло од сусам, ѓумбир и тестенини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Ако може, секој ден ќе грицка тортилја чипс со сос од гуакамоле, но избегнува грицки. За вечера јаде печена риба со зеленчук на скара. Таа избегнува шеќер, но ужива во сладоледот од време на време.

Клои Кардашијан

Денот го започнува со протеински шејк од протеин од сурутка, путер од бадеми, вода и мраз. Ова е првиот мини оброк од седум во текот на денот.

По тренингот, таа јаде две јајца за појадок, чаша овесна каша и чаша овошје. Помеѓу појадокот и ручекот јаде овошје, како јаболко или банана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

За ручек јаде пилешки гради со зеленчук, салата од спанаќ или цвекло. Втората закуска се состои од јаткасти плодови, како бадеми. Јаде едно јајце со зеленчук пред вечера. И за вечера јаде лосос со многу салата.

Клои избегнува слатки и јаде овошје за десерт, но од време на време ужива во парче торта.

Прочитајте и: Ново истражување тврди дека вегетаријанците имаат поголема веројатност да страдаат од депресија, еве зошто

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.