Оваа Романка важи за најубавата жена на светот: Нејзиното неверојатно тело се должи на режим што дава инстантни резултати

Не се срами од брчките

Романката Мадалина Генеа важи за најубавата жена на светот, а сега открила со помош на која исхрана се одржува во топ-форма

Италијанката со романско потекло Мадалина Генеа е една од оние жени на кои можете само да им се восхитувате и да ги гледате без да трепнете. Модерната Софија Лорен, како што многумина ја нарекуваат, ретко кого го остава рамнодушен со својата убавина, а освен ангелското лице и нејзината вита става е исто така заслужна за тоа што од најраните училишни денови завршила на светските писти, а потоа и во светот на глумата.

Иако е лесно да се помисли дека Мадалина го добила генетскиот џекпот, и таа како и повеќето жени, има периоди кога ќе качи понекој килограм, што за жал е проблем, кога вашата главна работа е да се појавувате на ревии и да бидете пред камери 24/7.


Како што и самата раскажала, по раѓањето на ќерка ѝ, имала проблем да го симне вишокот, а оттогаш често ѝ се случува да качи килограми што веднаш се забележуваат на незгодни места – на половината, на стомакот и во внатрешниот дел на бутовите – доколку не внимава што јаде.

Мадалина не држи диети, туку практикува периодичен пост, односно автофагија.

Како што вели, тоа ѝ помага да го прочисти организмот, но и да се чувствува подобро.

„Не сум лекар, па не можам да го препорачам тоа, но можам да кажам што ми помогна мене. Често практикувам периодичен пост, и тоа мене ми дејствува како прочистување. Го пробав, ми се допадна и сега често го применувам кога ќе ми затреба“, раскажала Генеа.

„Постојат неколку опции. Една од нив е 6/18, односно јадам шест часа, постам 18 часа и тоа не е тешко да се издржи. Потоа, 5/2, односно имам пет дена во неделата кога јадам нормално и два дена кога речиси ништо не јадам и така наизменично“, додала таа.


Со овој режим Мадалина успеала да ги стопи масните наслаги, но не и облините, поради што секогаш со задоволство применува автофагија, а покрај тоа практикува и пешачење и лесни пилатес-вежби за да го задржи тонусот на телото.

Велат дека е најубавата Романка, а сега исплива нејзина фотографија пред пластичните операции (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.