Месната диета ги топи килограмите побрзо од кето-исхраната: За една недела ќе имате 5 килограми помалку!

Симнете ги килограмите

Ако имате проблем со вишокот килограми и сакате да ослабите, оваа диета е како создадена за вас

Месната диета, според нутриционистите, понекогаш е подобро решение од другите режими на исхрана за луѓе кои имаат проблем со сè поголем апетит, а сè побавен метаболизам.

Токму тоа е маката на многумина што имаат повеќе од 50 години.

Меѓутоа, и сите други што сакаат месо ќе бидат воодушевени од предлогот малку да го „заобиколат“ зеленчукот и да ги наполнат чиниите со намирници од животинско потекло.

Оваа диета делумно дејствува како кето-диетата – бидејќи не се внесуваат јаглехидрати, телото почнува да ги разградува мастите и да ги користи како погонска енергија. Таквата состојба се нарекува кетоза. Во кето-диетата се јадат месо, јајца и сирење, но и помала количина на зеленчук.

За месната диета, нутриционистите велат дека може да дејствува и побрзо од кето-диетата.

Од намирниците од растително потекло, во исхраната се вклучени растителни масла, дозволени се маслинки, тиквички и тиква, а од овошје, само зрнесто овошје.

Се инсистира на месо, особено од живина, но и помасно, како говедското, риба, особено лосос, како и јајца и млечни производи.

Колку килограми може да се симнат?

За време на оваа диета, на почеток може да се изгубат неколку килограми, само ако се придржувате до правилата. Но повторно, многу зависи и од тежината што сакате да ја достигнете.

Истражувањата покажуваат дека може да се симнат од 3 до 5 килограми неделно, што во просек е помеѓу 10 и 15 килограми за еден месец. Но тоа е во идеален случај.

Пореално и поздраво е килограмите да се симнуваат постепено, а тоа значи 5-6 кг за еден месец. Не е здраво ни многу да се слабее, а секако постојат граници со кои е одредено која тежина е нормална во однос на висината и претходната телесна тежина.

Но месната диета, во овој случај секако е добар начин за да се симнат вишокот килограми.

На Интернет може да се најдат тврдења дека со месната диета може да се симнат околу 10 кг неделно, па дури и 20 кг за еден месец. Но тие бројки можеби се приближно вистинити кога станува збор за гојазни лица, кои имаат многу повеќе од 100 кг.

Меѓутоа, во нормални околности и кога постои желба да се симнат само неколку вишок килограми, овие бројки не се реални и тоа е многу тешко изводливо. Покрај тоа, не е ни здраво за толку кратко време да се симнат толку многу килограми.

Доколку диетата се започне со многу повеќе килограми одошто е нормално, може да се очекува поголемо намалување, но најмногу до 15 кг месечно. Тоа е во просек околу 3-4 кг неделно. Во тој случај, месната диета треба да трае барем три месеца, наместо еден месец.

Ги топи маснотиите како на шега, но и драстично го подобрува здравјето: Ова е најдобрата диета на светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.