Чај-диета без конкуренција: За 14 дена го прочистува телото од сите токсини, подмладува до 5 години и топи 8 килограми!

Вреди да се проба

Ќе ви помогне и доколку лошо спиете, имате срцебиење и нервози

Дали спиете лошо, срцето ви бие и нервозни сте? Можеби би требало да ја пробате диетата со чај.

Кофеинот што го содржи чајот е силен антиоксиданс кој ја подмладува кожата и го снижува шеќерот во крвта. Диетата трае 14 дена а се заснова на режим кој подразбира умерена исхрана, редовно вежбање и голема количина чај по избор.

Во многу култури ширум светот, чајот се користи како прочистувач на организмот кој ги исфрла штетните материи. Меѓутоа, кога велиме чај, мислиме на црн, зелен и бел кои содржат иста количина кофеин како и кафето, но нивните антиоксидативни својства се посилни. Тие се моќно средство против вишокот килограми, па со оваа диета за две недели се губат осум килограми!

Пример мени за еден ден

Појадок: парфе од зелен чај (во јогурт со ниска масност изматете половина лажиче зелен чај во прав и лажица ленено семе) и 2,5 децилитри чај по избор.

Ужина: парче пита од јаболка, лажица шлаг без масти и шеќер и чај.

Ручек: пилешко на скара, половина шолја интегрален ориз, салата од зеленчук и 2,5 децилитри чај.

Ужина: шолја сварени соини зрна и 2,5 децилитри чај.

Вечера: плескавица од мисиркино месо, зелена салата, пченка, круша и 2,5 децилитри чај.

Напомена: За време на оваа диета не смеете да пиете кафе.

Last minute” диета-ослабете 4 килограми за 4 дена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.