Овие 5 кожни состојби не можат целосно да се излечат, а еве и зошто!

За да имаме совршена кожа, способни сме да пробаме се... Од антицелулитни креми и масажери, до третмани кои чинат премногу...

Постојат многу проблеми со кожата кои може да се намалат или целосно да се отстранат со правилни производи и промени во животниот стил. Но, постојат и оние проблеми кои не можат да се решат никако, без разлика што читате на Интернет и каква реклама гледате. Кога велиме „проблеми што не можат да се излечат“ конкретно мислиме на два вида: оние што не можат да се лекуваат ниту минимално и оние што можат да се контролираат и отстранат, со враќање по завршувањето на третманот.

Што ги прави одредени проблеми со кожата неизлечиви?

Причината поради која не можат да се отстранат е затоа што се предизвикани од непознат функционален или структурен дефект. Значи, без оглед на тоа што се препорачува некоја крема за отстранување на одреден проблем, ако науката сè уште не открила што го предизвикува – не може да се излечи.

Иако звучи како лоша вест, ние сме тука да помогнеме. Наместо да трошите многу пари на третмани и козметика, прочитајте и научете еднаш засекогаш дека овие проблеми не можат да се излечат, но можат да се контролираат и ублажат.

1. Подуеност под очите

Лоша вест: Отекувањето под очите најчесто е предизвикано од масните наслаги кои стануваат поизразени во долните очни капаци како што старееме. Додадете на тоа малку гравитација, губење на колаген, брчки и генетска предиспозиција и ќе добиете мали ќесички под очите.

Не можете целосно да ги отстраните, многу креми и маски не помагаат. Сепак, постојат работи што можете да ги направите за да ја намалите надуеноста.

Добра вест: Добрата положба на главата додека спиете и намалувањето на внесот на сол и алкохол се едноставни промени кои можат да помогнат. Производите кои содржат кофеин се одлични и за намалување на надуеноста. Доколку сакате поинтензивни третмани, можете да се одлучите за ласерско намалување на крвните садови и поставување филери. Операција – Блефаропластиката може да ви помогне, но не е трајно решение.

2. Стрии

Лоша вест: Стриите се појавуваат кога тенкиот слој под кожата – дермисот – се протега и кине. Ова се случува главно поради ненадеен раст или зголемување на телесната тежина. Стриите тешко се лекуваат бидејќи тие се всушност лузни и како и многу лузни, тие можат да се намалат со текот на времето, но не и да исчезнат.

Добра вест: Постојат козметички ласери кои во моментов се најдобрата шанса за подобрување на текстурата на тенката кожа. Третманот со локален третиноин исто така може да помогне поради неговиот колаген-стимулирачки ефект.

3. Кератоза пиларис 

Лоша вест: Ова е многу честа генетска состојба на кожата која се појавува како израстоци кои изгледаат како акни, но всушност не се акни. Израстоците се тврди и суви и се предизвикани од акумулација на мртви клетки од кожата во фоликулите на влакната. Најчесто се појавуваат на грбот, надлактиците (рамо до лакт) и бутовите. За жал, тие не можат трајно да се излечат.

Добра вест: Алфа-хидрокси киселините помагаат во разградувањето на лепилото што ги држи тие израстоци заедно, овозможувајќи полесно отстранување на мртвите клетки од кожата. Гликолна и млечна киселина, а во некои случаи и кокосово масло може да помогнат.

4. Мелазма

Лоша вест: Друга хронична состојба на кожата, мелазма, се појавува како темна депигментација на лицето. Причината за мелазма е сложена, а главната улога ја игра генетиката. Изложеноста на сонце, бременоста и земањето хормонски лекови може да бидат предизвикувачи за појава на мелазма. Мелазмата е тешка за лекување, а проблемот обично трае со години.

Добра вест: Истражувањето за мелазма е во тек, а подобри активни третмани сигурно ќе станат достапни. Покријте се со фактор крема и избегнувајте директно изложување на сонце за да ја сведете мелазмата на минимум.

5. Егзема

Лоша вест: Егземата може да биде предизвикана од се, од алергии на храна до стрес и фактори на начин на живот.

Добра вест: Егземата може лесно да се контролира. Емолиенти, локални антибиотици се ефикасни во третманите. Секако, кога ќе се прекине лекувањето, состојбата се враќа за кратко време.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.