Мејкап-трикови за жени во зрелите години: Заборавете на темните кармини и тешките пудри – тие ја истакнуваат секоја брчка!

Изгледајте убаво и свежо

Кога ќе ја преминете 50-тата година, одбирајте кремливи производи за шминкање

Ако сте ја преминале 50-тата, а обожавате да се шминкате, овие совети од шминкери добро ќе ви дојдат. Одбирајте поприроден изглед и лесен мејкап, и одбегнувајте ги овие грешки што жените во зрелите години често ги прават.

Помалку е повеќе

За зрелата кожа се препорачуваат кремливи производи што не го сушат лицето дополнително. Кога користите пудра, пожелно е под неа да нанесете прајмер – тој остава свиленкаво мазна завршница на кожата, која е идеална подлога за пудра. Сепак, најдобро е да користите тонирани кремови или сè попопуларните хранливи серуми во боја, бидејќи тие освен што ја извршуваат функцијата на пудра, истовремено го хранат лицето, без да ги нагласат неговите неправилности.

Не претерувајте со коректорот

Дебелиот слој под очите ќе се стврдне и ќе испука, а тоа ќе ги нагласи брчките. Затоа, одбирајте полесни коректори, а нанесувајте ги во тенок слој со четкичка.

Заборавете на моливчето под очи

Зрелото лице не поднесува темно моливче под очите, па затоа изоставете го. Ако е потребно, можете малку да ги доцртате веѓите, но треба да изгледаат што поприродно, па најважно е да ја пронајдете вистинската боја што нема да се разликува од вашата природна.

Кажете им збогум на темните кармини

Како што стареете, природно ја губите дефиницијата на усните, така што отсега па натаму треба да одбегнувате темни бои, како темноцрвена, виолетова и кафена. Истото важи и за темните руменила и бронзери.

Со овие трикови ќе изгледате 10 години помладо: Ова е единствениот правилен начин на шминкање по 40-те!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.