Со овие трикови ќе изгледате 10 години помладо: Ова е единствениот правилен начин на шминкање по 40-те!

Совет на шминкери

Кога ќе ја надминете 40-та година, мора да ги усвоите овие правила

Првите траги на стареење се забележуваат на очите, но со неколку едноставни чекори можете да ги покриете. Правилниот избор на нијанси и редоследот на нанесување производи може да направи драстична разлика.

За да изгледате и до 10 години помладо, не ви требаат многу пари, ниту естетски корекции. Треба само да ги следите овие едноставни чекори…

1. Жолт коректор

Задржувањето вода во организмот е неизбежно како што старееме, а тоа подразбира и појава на подочници и темни кругови под очите. Вашиот коректор нека ја заврши целата работа така што ќе го одберете оној со жолти подтонови. Вака ќе ги скриете овие недостатоци.

2. Прајмер

По коректорот, следниот чекор е прајмер или основа за сенка. Благодарение на него, сенките ќе ви бидат постојани, а капаците и кожата ќе ви изгледаат мазно и младолико.

3. Топли нијанси

По 40-те години изборот на сенка секогаш треба да падне на потоплите нијанси. Тие ќе создадат илузија на одморени очи. Одбегнувајте ги сивите сенки и оние што содржат ладни тонови, бидејќи додаваат години.

4. Мат-бои

Кога зборуваме за сенки, секогаш одбирајте мат-нијанси. Тие ќе ги покријат сите ситни брчки. Шминкерите советуваат дека ако сепак сакате малку сјај на очите, тогаш нанесувајте ги светкавите сенки исклучиво на аглите на очите.

5. Црн ајлајнер

Ако досега не сте го користеле, сега е вистинското време. Тенката линија исцртана по работ на капакот ќе ви ги отвори очите и ќе направи тие да изгледаат покрупно и поодморено.

Совети за убавина: Лесно отстранување на шминката од вашите очи ќе ве спаси од несакани последици
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.