Највкусните колачиња со чоколадо! Вашата потрага по совршеното колаче завршува тука!

Пробајте!

Направете чоколадни колачиња кои ќе ве облажат и ќе ви го разубават денот.

Состојки:

– 1 + 1/3 чаша брашно
– ½ лажичка сода бикарбона
– ½ лажичка сол
– ½ чаша путер
– ¼ чаша + 2 лажици шеќер
– ¼ + 2 лажици кафеав шеќер
– ½ лажичка екстракт од ванила
– 1 големо јајце
– 1 шолја чоколадца

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени, на тава ставете хартија за печење. Во поголем сад ставете ги брашното, сода бикарбоната и солта.

Во друг сад се ставаат путерот, шеќерот, кафеавиот шеќер и екстрактот од ванила, па сето се мати со миксер додека не се добие кремаста смеса. Потоа додадете го јајцето и повторно добро измешајте. Полека истурете ја смесата со брашно, па додајте ги чоколадните парчиња.

Со голема лажица извадете делови од тестото и ставете ги на тавата. Печете околу 9 – 11 минути, додека колачињата не поруменат. Одозгора посипете рендано чоколадо или трошки. Кога колачињата ќе се изладат, тие се подготвени за јадење.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.