Овој витамин е еликсир на младост за вашата коса: Кршливата, оштетена коса без сјај сега е минато!

Рецепт за убава коса

Малкумина знаат дека познатиот „витамин на младоста“ има благотворно дејство и на косата

Витаминот Е е многу добар за човечкиот организам, но дејството што го има на косата е од немерливо значење. Овој витамин ѝ го враќа на косата изгубениот сјај, спречува прекумерно опаѓање на косата, ја подобрува циркулацијата, ја ревитализира кожата на темето и спречува појава на седи влакна.

Витаминот Е е антиоксиданс и со самото тоа придонесува за борбата против слободните радикали што го оштетуваат влакното, фоликулот, но и кожата на главата. Па така, овој витамин создава еден вид заштитен слој на вашата коса и на тој начин ја штити од надворешни штетни агенси, како од оштетувања на клеточно ниво, кои произлегуваат од самиот организам. Исто така, витаминот Е одлично го регулира нивото на хидратација на вашата коса и го спречува претераното излачување себум, поради кој темето и косата побрзо се мастат.

Витамин Е за косата можете да користите за внатрешна употреба, во вид на суплемент, но и за надворешна употреба во вид на масло од витамин Е и маска за коса на база на витамин Е. Кога ќе го користите за надворешна употреба, витаминот Е, покрај веќе наведените заштитни и регенерирачки својства, ќе влијае и врз брзиот раст на вашата коса, таа помалку ќе пука и ќе биде поотпорна, побујна и поеластична.

Витаминот Е ќе ја збогати вашата коса со дополнителен кислород неопходен за правилен и здрав раст на косата и нејзина отпорност.

За да направите идеална маска од витамин Е, ќе ви треба едно авокадо, кое е природно богато со витамин Е, маслиново масло и масло со витамин Е.

Приготвување на маската:

Половина испасирано авокадо (пожелно е да биде што позрело) измешајте го со лажиче маслиново масло и лажиче масло со витамин Е.

Нанесете ја маската на косата од коренот кон врвовите и држете ја така еден час. Потоа, измијте ја и измијте ја косата со благ шампон без сулфати.

Веќе по првата употреба на оваа маска, ќе видите колку вашата коса ќе биде посјајна, помека и понежна. Маската можете да ја ставате два пати неделно.

Ефикасни совети за нега на косата во домашни услови

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.