Дамите во Холивуд веќе одамна ја носат: Најпопуларната фризура од 80-тите се враќа во мода!

Познатиот минивал!

Како што минува времето, бујните фризури повторно се враќаат во мода

Сè повеќе жени почнуваат да носат навидум природни кадрици, кои делуваат прилично лежерно и морски. Позната под името минивал, ова е фризурата што ќе ја обожаваме наредните месеци.

Жените и мажите беа опседнати со фамозниот минивал за време на 80-тите години од минатиот век. Нескротливата кадрава коса беше неприкосновен владетел во сите фризерски салони, а потоа завладеа затишје кога е во прашање оваа фризура.

https://www.instagram.com/p/BiqTO4PAG_G/?utm_source=ig_embed

Залижаните рамни коси полека ја преземаа главната улога, а пеглите за коса подоцна само придонесоа за ширење на овој тренд.

https://www.instagram.com/p/Br2hoWWh-d2/?utm_source=ig_embed

Како што минуваше времето, бујните фризури повторно се враќаа во мода, па последниве неколку години можеме да видиме уредни бранови кај повеќето жени.

https://www.instagram.com/p/BsTflblHy2-/?utm_source=ig_embed

Најбараната фризура за 2019 година ќе бидат таканаречените диви бранови. Со други зборови, некогаш популарниот минивал повторно се враќа на големата врата.

Кадриците и тоа како завладеаја со светската сцена, а сè почесто ги гледаме и кај нашите трендсетерки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.