Тара и Стефан учат на посебен начин, а имаат детска соба од соништата: Семејството Ѓоковиќ открило кој предмет им е највреден во домот!

БРАВО!

Новак и Јелена Ѓоковиќ на прво место го ставаат знаењето, односно материјалните работи не се во нивниот фокус, а така ги учат и своите деца

Новак Ѓоковиќ на теренот ниже историски успеси, а надвор од него со сопругата Јелена и децата се обидува да живее мирен семеен живот. И двајцата им се многу посветени на наследниците Стефан и Тара, па се трудат секој слободен момент да го поминуваат заедно. На прво место секогаш им е образованието, па од таа причина се преселиле од Монако во Србија, бидејќи време е нивното првенче да тргне на училиште.

„Јас и Новак сме многу слични, но и доста различни, кога станува збор за воспитувањето на децата, но повеќето од проблемите ги решаваме со разговор. Верувам дека многу ни е полесно, бидејќи тргнуваме од истите вредности и благодарна сум за тоа. Ние почнавме врска кога бевме деца и растевме заедно, па некако заеднички се формиравме што сега ни го олесни родителството“, рекла Јелена во една пригода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Тие се трудат да ги учат наследниците на корисни работи низ игра, а како што нагласуваат, најважно од сè им е да пораснат во добри луѓе со широки погледи кон светот. Во прилог на тоа зборува и начинот на кој ја средиле детската соба на своите деца.

Станот го средиле во минималистички стил, преовладуваат светли бои, а дрвото е главниот материјал во уредувањето на ентериерот. На полиците имаат многу книги, кои ги сметаат за највредните предмети во сечиј дом, а децата Ѓоковиќ имаат многу интересни содржини за учење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Така, Јелена пред неколку години покажала дека за детската соба одбрала светол и мек тепих, каде што имало помала патека совршена за играње со колички.

Со оглед на тоа што децата најмногу време поминуваат играјќи се на подот, ова е многу важно, а имавме можност да видиме и какви материјали користел Стефан за игра уште како мало дете. Благодарение на тоа, рано научил кирилица и латиница, а домот на Ѓоковиќ е преполн со играчки што стимулираат размислување, логичко решавање на проблемите и учење во опуштена и забавна атмосфера.

Родителите Ѓоковиќ се трудат да не го прават тоа што не би сакале утре да го прават нивните деца, бидејќи мислат дека децата во голема мера го имитираат однесувањето на родителите.

„Знам само дека морам себеси да се доведам во ред пред што било да направам, кажам или да ги посоветувам своите деца. Им кажувам на децата што не треба да прават , всушност, што јас не смеам да правам, бидејќи нашите дела зборуваат повеќе од нашите зборови. Кога се занимавав со технологијата во куќата, толку многу се посветив, што воопшто не го вклучувам телевизорот освен кога Новак игра тенис“, заклучила Јелена.

Еве што јадат Стефан и Тара Ѓоковиќ: „Никогаш ништо не пржиме, а децата се на ОВАА исхрана, без никакви здравствени проблеми“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.