Super Aqua – Моќна емулзија за хидратација на кожата

Откријте ги трите нови Super Aqua Emulsions, концентрат од технологија која трајно ја хидрира кожата

Откако е основана во 1828 година, Куќата за убавина на Guerlain ги осознава мистериите на моќните богатства на природата, откривајќи ги сите нејзини придобивки за кожата. Нејзиниот основач, Pierre-François-Pascal Guerlain, хемичар и парфимер, создаде иновативни еликсири за убавина со тоа што ги соедини најдобрите природни суровини. Истражувањето на Guerlain создава исклучителни производи за нега на кожата за да ја истакне и задржи убавината на секоја жена. Благородни состојки и врвната наука се здружуваат за да создадат единствена алхемија која отелотворува луксузно совршенство и врвна изведба.

Super Aqua

Откријте ги трите нови Super Aqua Emulsions, концентрат од технологија која трајно ја хидрира кожата, нудејќи заштита и корекција на првите видливи знаци на стареење збогатени со пробиотични соединенија и дизајнирани да одговараат на сите кожи. Во срцето на овие нови сензорни емулзии се формулите кои се составени со користење на минимум 94% природно добиени состојки.

 

Лесна, универзална, богата – секоја емулзија е совршен баланс помеѓу вода и липиди што нуди траен комфор за кожата и можност за прилагодување на нивото на хидратација во зависност од областа на лицето, возраста, типот на кожата и промената во сезоната:

  • За да ја смирите вашата чувствителна кожа, користете го The Emulsion Light – маслото од брусница.
  • За да ја балансирате и освежите кожата, користете го The Emulsion Universal – маслото од бел бор.
  • За да ја негувате вашата кожа, користете го The Emulsion Rich – јапонско масло од камелија, за хранливи својства.

Лесен за употреба, за ден и ноќ, за жени и мажи. Мирис со свежи ноти и воден цвет, иланг-иланг и јасмин.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време