Escape – собите: Предизвик за екипата и трка со времето

Врвна забава!

Совршено доживување со вашите пријатели и фамилија, како и идеална тим билдинг активност

Истражување на просторот, пронаоѓање скриени траги, откривање на тајни кодови и шифри и решавање разни загатки и сето ова во одредено конкретно време, еден час. Ова може да го доживеете во escape room или бегство од соба. Таа е целосно инвентивна и интерактивна игра во која ве чека решавање на низа загатки и во која вие и вашиот избран тим решавате мистерија со помош на интеракција со реални предмети во даден простор.

Уникатноста на оваа игра се состои во тоа што играчите всушност физички се наоѓаат во самата приказна. Во просторот кој е идеален за тестирање на вештини низ забава може да играте заедно со  2-6 играчи.  Учеството во играта не бара посебни вештини и знаење, а се што е потребно се вашата перцепција, креативност и логика. И секако тимската работа е клучна!

Добрата вест е дека во случај да ви треба помош во текот на играта, секогаш може да побарате насока за следниот чекор од администраторот на играта. 

Escape Room собите се за сите оние што бараат ново и единствено искуство, предизвик и пред се еден час врвна забава. Совршено доживување со вашите пријатели и фамилија, како и идеална тим билдинг активност.

The Game е неодамна отворениот escape room во Скопје на локација во Кисела Вода, каде имате можност да бидете дел од два незаборавни концепти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.