Подароци за луксузна нега на сува кожа на лицето од „Олпео“: Серум и крем од брендот Dear, Klairs

Овие и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Драги наши, почнуваме со пролетната „У&З-лавина од подароци“, објавена во новиот број на најтиражното женско списание за животен стил во регионот – „Убавина и здравје“, а во кој можете да ги прочитате имињата на добитниците на подароците од февруарскиот број.

Лавината ја отвораме со подарокот од специјализираната продавница за корејска козметика „Олпео“, која се наоѓа во ГТЦ, до „Манго“.

Станува збор за серум и крем за лице наменети за нега на сува кожа од брендот Dear, Klairs.

Klairs Rich Moist Soothing Serum e хидратантен серум на корејскиот бренд Dear, Klairs, кој на кожата ѝ дава мазен изглед и сјај и ја одржува влажноста на кожата во текот на целиот ден. Тоа е нежен серум со водена база со концентрирана подобрена веганска формула направена со комплекс со богата мешавина од хидратантни состојки.

Хидратацијата која ја дава овој серум е одлична основа за наредните чекори од рутината за нега или подлога за шминка. Со интензивната хидратација која ја пружа, кожата лачи помалку себум и помага за подобро нанесување на шминката на кожата.

Ја подобрува влажната заштитна бариера на кожата, ја намалува температурата на вжештната кожа и помага во смирување на кожата.

Наменет е за сува кожа и проблеми поврзани со чешање на кожата, за оние корисници со неизбалансирана кожа склона кон акни, за чувствителна кожа и кожа со црвенило.

Klairs Rich Moist Soothing Cream е крем на корејскиот бренд Dear, Klairs, наменет за сите видови кожа, а посебно за чувствителна, а кој може да се користи низ сите сезони. Кај сува кожа, ефикасно ја враќа рамнотежата на хидратацијата со цел да помогне во стабилизирање на кожата. Кај загреана кожа, ја намалува температурата како и црвенилото и го намалува зголемувањето на порите.

Содржи моќна мешавина од хидратантни состојки. Богат е со бета-глукан добиен од квасец, тој ја одржува влажната заштитна бариера на кожата. Помага во опоравување на сувата, иритирана и чувствителна кожа, поддржувајќи го нејзиниот заштитен слој одвнатре и надвор. Rich Moist Soothing Cream ја поттикнува природната обнова на клетките на кожата со што го подобрува нејзиниот целокупен изглед. Не содржи обојувачи, ароми и состојки од животинско потекло.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во април.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.