(ФОТО) Македонскиот моден бренд MINNIMAL урива бариери, и полека, но сигурно, се доближува до светската модна сцена!

Претставниците од тимот на Minnimal гостуваа на Венециската модна недела, која се одржа од 23-26 март во Венеција, каде што присуствуваа на модните ревии на неколку европски дизајнери и остварија средба со организаторите на настанот – Лаура Скарпа и Лоренцо Цинноти.

На средбата со организаторите, тие го потенцираа најбитниот сегмент на Venice fashion wеek, а тоа е „одржливата мода“.

Minnimal, како бренд што се стреми да ги следи сите трендови кога е во прашање одржливата мода, доби покана за учество на Venice fashion week 2023, каде што ќе се претстави со ексклузивна Runaway колекција.

Средбата беше поддржана од Македонскиот конзулат во Венеција и од генералниот конзул г. Стојан Витанов.  

Во текот на престојот, се реализира и новата кампања за пролетната колекцијата Monochrome. Кампањата за колекцијата се сликаше на неколку атрактивни локации во Венеција, како мостот Риалто, плоштадот Сан Марко, но и во добро познатите такси по вода, кои пловат низ Венецискиот канал.  

Колекцијата Monochrome ги содржи сите елементи кои се печат на брендот, како строгите линии, симетричните кроеви, земјените бои и, секако, безвременските модели.

Новата колекција е спој на класиката и актуелните трендови. Во неа можете да го најдете класичниот тренч-мантил, трендовски комбенизони, добропознатите троделни одела, кои се среќаваат во секоја колекција, како и милитари-нотата, која често може да се сретне во нивните креации, а во оваа колекција изразена преку таканаречената Marshal-униформа.  

Колекцијата Monochrome можете да ја проследите во продолжение.  

Текст: ПР

Фотограф: Мартин Петровски  

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.