Лудост, храброст или вулгарност: Познатата германска блогерка прошетала во нешто што би требало да биде фустан…

Што да се каже...

Леони Хане на ревијата на брендот „Балмејн“ се појавила во фустан за кој биле потрошени вкупно 5 сантиметри материјал…

Една од најпознатите и највлијателните модни блогерки, Леони Хане, не ги пропушта модните настани ширум светот, па неодамна ја посетила и Модната недела во Париз.

Убавата русокоса, која инаку важи за многу добро облечена и жена со стил, овој пат се појавила во фустан што повеќе открива одошто покрива, но буквално!

Станува збор за нејзиниот црвен фустан, направен од некаков вид на ПВЦ-материјал, со шлицови и отвори на сите страни (многу е тешко да се објасни овој крој, па затоа тука се фотографиите).

Покрај шлицовите што блескаат, она што особено го привлекло вниманието на сите присутни, а потоа и на медиумите и на нејзините следбеници на Инстаграм, е фактот што фустанот не го покрива ни целиот задник, па Леоне цело време се местела пред фотографите за да не ѝ „испадне“ предниот, додека го чува задниот дел од телото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonie Hanne (@leoniehanne)


Јавноста е поделена што се однесува до овој стајлинг. Едни го сметаат за сексапилен, додека други мислат дека е претеран, невкусен и провокативен на многу вулгарен начин.

Оваа екстравагантна тоалета дефинитивно ја разголела Леони – буквално, па така на моменти речиси ѝ се гледале интимните делови на телото.

Храброст, лудост или авангарда?

Што мислите вие за стајлингот на познатата блогерка?

Дали ова е најкатастрофалниот фустан некогаш направен? Не постои женско тело на кое може да му ласка овој крој!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.