Дали ова е најкатастрофалниот фустан некогаш направен? Не постои женско тело на кое може да му ласка овој крој!

Неверојатно

Џулија стана мегапопуларна кога заплови во кратка и бурна врска со Канје Вест, откако тој се разведе од Ким Кардашијан

По врската со Канје вест, Џулија Фокс стана актерка за која постојано се зборува. Но не поради улогите (тие сè уште се незабележани), туку поради стилот на облекување – секогаш на граница на добриот вкус.

Така било и овој пат кога се појавила на доделувањето филмски награди во Санта Моника во неделата.

Џулија во таа пригода носела црн исечен фустан од италијанскиот бренд No Seso.

Фустанот бил погрешен од неколку аспекти: изборот на материјал бил тежок и личел на кожа, фустанот го откривал едниот колк додека изрезот опасно се приближувал до меѓуножјето на Џулија Фокс.

Не постои форма и градба на тело на кое овој фустан би му прилегал. Тој едноставно го открива она што би требало да биде покриено.

Актерката го носела фустанот самоуверено, позирајќи им на зачудените фотографи.

Каков блам: Еве зошто синоќа сите зачудено гледале во Селма Хаек!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.