Џенифер Лопез сега навистина претерала: „Жена во 50-тите години ни во лудило не смее да излезе вака од дома!“

Погледнете

Шлиц до папок, градите само што не ѝ излегле – сите зборуваат за стајлингот на Џенифер Лопез

Синоќа беше одржано доделувањето музички награди во Лос Анџелес, а пејачката која убедливо привлекла најголемо внимание за време на настанот е Џенифер Лопез (52). Таа се појавила во комбинација што предизвикала досега невидена лавина од коментари. Се чини дека модните експерти и обожавателите речиси едногласно се согласиле дека латино-дивата претерала овој пат.

Дали мора баш сите облини да се истакнат во прв план, се запрашале фановите.

Навикнати сме да ја гледаме во провокативни комбинации, но овој пат ги надминала границите на добриот вкус. Пејачката ништо не ѝ препуштила на имагинацијата. Стајлингот во кој се појавила на бината при земањето на наградата може да се опише како вулгарен и никако поинаку.

Деколте до папок, градите само што не ѝ излегле и проѕирно здолниште што ги истакнало сите нејзини облини во прв план.

„Разбирам дека сака да покаже колку е згодна, но навистина не морала да прошета речиси целосно гола пред милионска публика“, „Оваа голотија толку пати е веќе видена што сега е здодевна“, „Жена во 50-тите години ни во лудило не смее да излезе вака облечена од дома“, можело да се прочита меѓу другото на социјалните мрежи.


Што мислите вие за овој стајлинг?

Џеј Ло рекламира очила и долна облека: Вие каде ќе гледате повеќе?! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.