Позајмила здолниште од свекрва ѝ и сите ги воодушевила: Лекција што мора да ја научиме од кралицата Летиција!

Погледнете!

Шпанската кралица Летиција била главен гостин на 20-тото издание на хуманитарниот концерт што традиционално го организира Здружението за жртви од тероризам

Покрај кралицата, во Националната концертна сала во Мадрид се собрале и луѓе од владата, претставници на политички странки, како и бројни други важни гости од разни сфери на шпанското општество.

Со оглед на природата на концертот, Летиција мудро се одлучила за многу интересна модна комбинација, па од глава до пети била стилизирана во црна боја.

Овој пат одбрала свилена блуза од својот плакар, што веќе ја има носено во разни пригоди, а здолништето го пронашла во туѓ плакар.

Кралицата Летиција на дипломатскиот прием во мадридската палата Зарзуела се појавила во 45 години стара комбинација што нејзината свекрва, кралицата Софија, ја носела во 1977 година за време на службена посета во Германија.

Според шпанските медиуми, и црното здолниште во кое дошла на концертот исто така било дел од старата гардероба на Софија, кое очигледно ја инспирирало Летиција за нови комбинации.

Ова е уште еден доказ дека секогаш мора да размислиме два пати пред да фрлиме одредени модни парчиња од плакарот. Концептот на одржлива мода вклучува и пренамена на старата облека, а во плакарите на нашите мајки и баби и денес може да се најдат многу парчиња чиј квалитет го надминува квалитетов на денешните парчиња.

Фустан од 2.000 денари и боја што не излегува од мода: Кралицата Летиција ја подигнува секоја комбинација со помош на деталите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.