Пополните жени би требало да ја одбегнуваат оваа облека за да изгледаат повити: 5 правила за потенок струк и подолги нозе!

Модни правила

Трендот на прикривање на вишокот килограми одамна застаре, а тоа го потвордуваат и правилата во продолжение

Во денешно време, различноста и самодовербата се клучни елементи на стилот. Без оглед на големината на телото, секоја жена има право да се чувствува самоуверено и привлечно. Сепак, ако целта ви е да постигнете визуелен ефект на вито тело, постојат одредени модни комбинации што можат да ви помогнат.

Еве неколку совети за пополни жени кои сакаат да го истакнат својот стил и истовремено да постигнат визуелен ефект на вито тело.

Одбегнувајте премногу широки комбинации

Носете облека што ја следи линијата на телото, одбегнувајте преголеми и широки парчиња, што можат визуелно да го направат телото пошироко. Класичните кроеви, како што е А-кројот или благо струкираните фустани, можат да ги нагласат облините на вистинскиот начин.

Правилен избор на материјали

Одбирајте материјали што убаво паѓаат и ја следат линијата на телото, како што се вискоза, свила или памук. Одбегнувајте тешки материјали, што можат да создадат непожелен волумен.

Вертикални линии за оптичка илузија на висина

Модните парчиња со вертикални линии можат да создадат илузија на вито тело. Панталоните или здолништата со ваков дезен ја издолжуваат ставата.

Правилно поставен ремен или појас

Додавањето појас на струкот може да го нагласи потенкиот дел од телото, создавајќи илузија на песочен часовник. Одберете елегантен појас што се вклопува во вашата модна комбинација.

Играјте си со бои и дезени

Потемните бои генерално даваат ефект на стеснување, додека посветлите тонови привлекуваат внимание. Комбинирањето еднобојни парчиња со дезени, исто така може да му даде интересна димензија на изгледот.

Паметниот избор на облека може да ѝ помогне на секоја жена да го истакне својот стил и да се чувствува самоуверено во своја кожа. Важно е да се нагласи дека нема универзални правила и секоја жена треба да експериментира со различни стилови за да го пронајде оној што најдобро го одразува нејзиниот карактер и ги задоволува нејзините модни вкусови.

3 најдобри модни совети за жени над 50 години: Со овие едноставни правила ќе изгледате многу помладо и поубаво!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.