Никој не може да ги истакне облините подобро од неа: Ако сакате да изгледате женствено, облечете се како Пријанка Чопра!

Еве како се носи црвен фустан

Пријанка Чопра на промоцијата на својата шпионска серија дошла облечена во огненоцрвен, гламурозен фустан со потпис на Вивиен Вествуд

Огненоцрвен, свилен фустан што го открива и нагласува деколтето, а притоа го стеснува струкот – совршена комбинација што одлично ѝ стоела на некогашната боливудска ѕвезда Пријанка Чопра.

Додека со сопругот Ник Џонас се шетала на црвениот килим, актерката изгледала како чист пример за женственост и заводливост.

Сатенот нежно се припивал за нејзините облини, нагласувајќи ги токму онолку колку што е потребно и пожелно.

Прекрасниот фустан на Вивиен Вествуд бил направен по нарачка специјално за Пријанка, а основата ја сочинува корсет што го стеснува струкот и го нагласува деколтето.

Како ви се допаѓа изгледот на Пријанка Чопра?

ЖЕНО, БОЖИЦЕ! Го „запали“ Париз со своето ДЕКОЛТЕ: Сè зрачи со ГЛАМУР, ова е најдоброто издание на Пријанка Чопра (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.