Тврдење на уролог и сексолог: „Ова е нормалната должина на половиот орган, а односот треба да трае најмногу 4 минути“

Секс-совети

Познат уролог тврди дека луѓето во 60-тите години треба да имаат односи 2 пати неделно како замена за кардиотренинг

Познат уролог и сексолог отворено зборува за проблемите со кои денес се среќаваат мажите и жените кога станува збор за сексот.

Кога е вистинското време за започнување со сексуален живот?

„Не треба да се брза, 17-18 години е времето кога треба да се размислува за тоа. Имав пациент од 30 години, кој никогаш немал девојка и немал сексуални односи. Мастурбирал цел живот, па немал потреба од девојка.

Не е добро луѓето постојано да гледаат филмови за возрасни. Мажите гледаат супермени на телевизија, а тешко е да се достигнат тие идеали. Мажите почнуваат да се плашат од стапувањето во сексуален контакт и тука настанува проблемот.“

Која е нормалната големина на половиот орган?

„Должината на нормален пенис е 13 до 14 см во ерекција. Тоа е доволна големина, ако постои љубов, за да ја задоволи партнерката. А вагината на жените е 8 до 9 см длабока, но се развлекува до 13-14 см кога е возбудена. Ако нема љубов и желба, тогаш и малиот пенис може да боли.

За сексот, најважно е да се развие емотивна врска.“

Колку треба да трае сексуалниот однос и колку чест треба да биде?

„Бројноста на сексуалните односи е индивидуална работа. Ако сексуалниот однос е успешен, ако обајцата се задоволени, доволно е и еден сексуален однос годишно.

Жената може да биде задоволна и да ѝ биде доволно само милување, без оргазам. Всушност, 5 отсто од жените никогаш немаат доживеано оргазам. Но постојат лекови што го решаваат тој проблем. За жал, жените учат да живеат со тоа и да немаат оргазам, па затоа не одат на лекар.“

Колку минути треба да трае сексот?

„Докажано е дека жената има многу појак сексуален потенцијал. За оргазам, на жената ѝ требаат 2 и пол минути, а на мажите им требаат 4 минути.“

Дали тоа значи дека чинот треба да трае 4 или 5 минути?

„Доволно е ако обајцата се задоволни. Предиграта може да трае подолго или пократко, а самиот чин може да трае само 4 или 5 минути. Ако вкупниот чин на пенетрација трае 20 или 30 минути, може да биде здодевно. Бројот на минути не треба да биде мерило.“

Дали е добро возрасните лица во седмата деценија да имаат секс?

„Секако дека да. Прво, баба и дедо не можат да се сакаат исто како кога имале 30 години. Маж на 50 или 60 години има сериозен недостиг од тестостерон. Но постојат инјекции што се даваат на 3 месеца и со овие инјекции можат да се подмладат и до 10 години.

За луѓе од 50 до 60 години, пожелно е да имаат сексуални односи 2 пати неделно. Тоа е замена за вежбањето. Наместо прошетка, може една партија секс.“

Сите секс-експерти се согласија околу ОВИЕ пет најважни секс-совети за жените!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.