Во овие години жените престануваат да обрнуваат внимание на мажите: Се запуштаат и молчат!

Страшен период

Фото: Pixabay

Ниту тие гледаат во нив, ниту мажите ги погледнуваат, што се случило така одненадеж?

Секоја жена минува низ тие години кога мажите стануваат рамнодушни кон неа. Во сексуална смисла и воопшто. На некои жени тоа им се случува во поодминатите години, на некои кога ќе влезат во менопауза, а некои и кога ќе наполнат 30 години.

Кога мажите ќе престанат да се вртат по вас, тоа е знак дека сте се запуштиле!

Најверојатно имате уморен и празен поглед, наслаги на колковите и стомакот, безживотна коса.

Што ви се случило? Сте влегле во оној период кога мажите не ви се потребни. Сте станале рамнодушни кон машкиот род, бидејќи не очекувате ништо, бидејќи ве разочарале повеќе пати.

Не им верувате, вашето срце не ги бара, вашето тело не ги бара. Во вас не постои ни една помисла за оној „вистинскиот“ што ќе ве сака.

Вашето срце не трепери повеќе и тоа ви се гледа на лицето.

Клеопатра имала интересен трик за одржување на младоликоста. Имено, за да ја одржи младоста, користела сперма од млади робови. Некои девојки дури и се обиделе да се мачкаат со тоа и откриле дека е измама. Спермата не ги брише брчките.

Зошто? Затоа што се’ тргнува од срцето. Сексот како механичка активност не влијае врз подмладувањето, но вљубеноста е друга приказна.

Вљубената жена има специфичен изглед. Таа носи ореол од среќа, самодоверба и задоволството ја обвива, правејќи ја волшебна. Вљубеноста е магичната формула за младоста.

Па до кога може да се вљубува една жена? До последен ден!

Иако тоа понекогаш боли, и покрај сите разочарувања, не дозволувајте да се запуштите. Дозволете му на срцето да заигра, бидејќи навистина вреди.

Вљубете се без оглед на се’!

Текст: У&З

Фото: pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.