Има ли нешто подобро од купка за стапалата?

Mини ритуали & макси ефект

Кој се грижи за вашите стапала? Сами? Тогаш добредојден ви е нашиот прирачник за педикир!

Дали проблемите со стапалата ви задаваат главоболка? Еве како да решите некои од најчестите…

1 Потопете ги стапалата во купка од млеко! Млечната киселина помага во случај на помеки плускавци. Наполнете леген со еднакво количество млеко и вода, додајте неколку капки масло од лаванда и потопете ги нозете 5-10 минути.

2 Употребете средство за отстранување потврди плускавци. Педикирите често користат тупфери натопени со салицилна киселина за отстранување брадавици, што се покажа како ефикасен начин за отстранување и на курје око. Сепак, не држете ги предолго врз плускавецот затоа што постои ризик од инфекција.

3 Ништо без пилинг! За отстранување на наталожената (груба) кожа од петиците и деловите на табаните, употребете стругалка или влажен камен за петици.

4 Хидрирајте ги стапалата. По купката за стапала, впијте ја водата со крпа и нанесете на стапалата дебел слој на лосион со уреа, кој ја омекнува и ја навлажнува кожата.

5 Лак за крај. Лакот е последен чекор во овој синџир на нега, бидејќи изгледа убаво само на негувани стапала. За да ја осигурите неговата постојаност, задолжително нанесете завршен слој.

Има ли нешто подобро од купка?

Нема, особено за релаксација на уморни стапала на кракот на напорниот ден. Ви откриваме 5 едноставни рецепти…

Генерално упатство: доколку не е поинаку назначено во рецептот, помешајте ги сите состојки и чувајте ги во херметички затворен сад. Користете 2-3 лажици од смесата во литар вода. Сами изберете температура на водата. Сепак, најдобро е да биде топла – така ќе им обезбедите најголема релаксација на стапалата.

 

  1. Потребно:

* морска сол

* сода бикарбона

* етерично масло по избор

Приготвување: помешајте ги солта и содата бикарбона во размер 1:1 и додајте неколку капки етерично масло.

  1. Потребно:

* 4 вреќички чај од камилица

* 1/8 шолја сув магданос

* 4 капки етерично масло по избор

Приготвување: додајте ги состојките во 3,5 л судена вода, оставете ги да стојат 10 минути, а потоа потопете ги стапалата во купката.

  1. Потребно:

* 2 шолји кошер-сол

* 1 чаша морска сол

* неколку капки етерично масло

  1. Потребно:

* 1/4 шолја сода бикарбона

* 1/4 чаша морска сол

* 1/4 шолја прашок за печиво

* 1/4 шолја пченкарно брашно

  1. Потребно:

* 1 шолја лимонов сок

* 3 лажичиња маслиново масло

* 1/4 шолја млеко

Извор: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.