Ваков брак е незамислив кај нас: „Среќни сме и гајле ни е што ќе кажат луѓето!“

Кој одредува како треба да се живее?

Дали тука лежи тајната на среќниот брак?

Бјанка Туретскај (43) и Питер Бач (58) се венчале во 2021 година. Оваа двојка ги шокирала семејството и пријателите кога сопружниците решиле и по венчавката секој да си живее во својот стан.

Бјанка е од Бруклин, Америка, а нејзиниот сопруг живее на Менхетен. Тврдат дека еднакво се среќни што се одлучиле на ваков несекојдневен чекор. Таа веќе цели десет години живее во својот моментален стан со својата мачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Turetsky (@biancaturetsky)

Питер бил еднакво среќен што останал да живее во својот дом со својот син тинејџер, исто како и пред свадбата.

„Со оглед на тоа што првпат кажувам ‘да’ на 42 години, тоа значи дека веќе имам изградено сопствен живот. Следењето на традиционалните правила никого не би го направило среќен. Зошто мора да живееме според старите правила? Зошто не би можеле да си смислиме живот каков што ние сакаме? Кој одредува како треба да изгледа добриот брак?“, рекла Бјанка.

Бјанка уште на почетокот сфатила дека нема да може да го дели домот со Питер, откако дознала дека неговиот син е алергичен на мачки. Меѓутоа, тинејџерот во меѓувреме се отселил поради факултетот, а сопружниците и понатаму продолжиле да живеат одвоено, објаснувајќи дека таквата ситуација совршено им одговара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Turetsky (@biancaturetsky)

Бјанка и Питер поминуваат неколку ноќи неделно заедно во еден од нивните станува, пред да се вратат во својот стан за да уживаат во својот простор.

„Повеќето луѓе на кои им раскажуваме за нашата необична ситуација, прилично брзо преоѓаат од изненадување до љубопитност, а во некои случаи и до малку завист“, изјавила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Turetsky (@biancaturetsky)


Заедно се речиси шест години, а велат дека секојдневните вечери им изгледаат како да се на рандеву, како некоја млада двојка. Иако Питер сега бара стан за да биде малку поблизу до живеалиштето на неговата сопруга во Бруклин и да го скрати времето поминато во пат, двојката не планира да живеат заедно.

„Мислам дека овој начин на живот е тајната на нашата среќа. Стана клише тоа дека тајната на среќниот брак се одвоените бањи. Ние се сместивме во посебни квартови. Не очекував дека вака ќе изгледа бракот, но вака многу е подобро“, заклучила Бјанка.

Тања започнала врска со врсник на син ѝ, без да го земе ова предвид: Нејзиното дете не може да излезе од дома од срам!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.