Конечно покажала со кого го дели животот: Познатата Миранда од „Сексот и градот“ објавила слики од венчавката!

По повод годишнината

Синтија Никсон, познатата Миранда од серијата „Сексот и градот“, објавила фотографија со својата сопруга и ги разнежила своите обожаватели

Американската актерка Синтија Никсон на многумина им станала омилена поради ликот Миранда што го толкува во култната серија „Сексот и градот“.

Одамна е познато дека Синтија е во брак со долгогодишната партнерка и никогаш не криела дека сака жени. Често има давано и интервјуа на тема љубов помеѓу двајца луѓе од ист пол, но ретко се појавува во јавност заедно со партнерката.

Познат е и фактот дека пред една деценија се венчале, но публиката никогаш немала можност да види ниту една фотографија од нејзината венчавка. Сепак, по повод десетгодишнината од вечните завети со својата избраничка, Миранда одлучила да ги почести обожавателите со фотографија што настанала за време на еден од најсреќните денови во нејзиниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cynthia Nixon (@cynthiaenixon)

Синтија и нејзината животна сопатничка позирале на тераса од зграда во Њујорк – актерката е во елегантна венчаница во светложолта боја со бидермаер во рака, додека нејзината партнерка за таа пригода облекла тегет костим со зелена вратоврска.

Во описот на фотографијата ја напишала само временската одредница за датумот на венчавката и назначила дека оттогаш поминале 10 години. Следбениците биле воодушевени и во коментари им испишале голем број желби за среќен и долговечен брак.

Да се потсетиме, Синтија Никсон се развела од Дени Мозес во 2003 година по 15 години брак. Десет години по разводот, ја открила својата сексуална ориентација и повторно се венчала со Кристин Мариноми. Се зборува дека ја започнале врската кратко по разводот со поранешниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pa’lante! HBOMax (@palantehbomax)

Синтија својата сексуалност ја идентификува како „квир“, а нејзината нова улога на Миранда во продолжението And just like that неодоливо потсетува на нејзиниот живот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.