Кога принцезата се омажила за човек од село, сите ѝ се смееле: Сега живеат како во бајка и сите им завидуваат!

Љубовната приказна на принцезата Викторија

Љубовната приказна на принцезата Викторија е преполна со интересни детали

Шведската принцеза Викторија и нејзиниот сопруг принцот Даниел биле фотографирани за време на нивната државна посета на Америка. Принцезата заблескала во розов комплет кој направил да изгледа двојно помладо.

Двојката се венчала во 2010 година, а нивната љубовна приказна започнала во вежбалница по тренинг во фитнес-центарот на Даниел Вестлинг. Оттука нивниот однос еволуирал и се претворил во брак и во прекрасно четиричлено семејство, откако ги дочекале ќерката, принцезата Естел и синот, принцот Оскар.

Врската на принцезата Викторија и идниот принц Даниел, кој по потекло е од едно село во централна Шведска, била оценета како „триумф на љубовта над конвенциите“. Без капка кралска крв, Даниел го освоил срцето на младата принцеза, откако ѝ станал голема поддршка во животот, а познато е и дека ѝ помогнал да ја победи анорексијата.

Шведската јавност била уверена дека оваа врска нема да потрае, а кралот на сите им ставил до знаење дека не се согласува со изборот на ќерка му. Меѓутоа, двојката останала заедно. Во меѓувреме, Вестлинг го сменил имиџот, одел на часови по историја и странски јазици, ги учел правилата на отменото однесување и дворската етикета, за да се вклопи што подобро во кралскиот свет, па на крајот, кралот го прифатил.

Викторија и Даниел се венчале на истиот ден на којшто пред 34 години се венчале родителите на Викторија, кралот Карл Шеснаесетти Густаф и Силвија. Нивната венчавка, која во медиумите била опишана како „најголемата европска кралска венчавка  по венчавката на принцот од Велс и леди Дијана Спенсер во 1981 година“, му донела на шведското кралско семејство голема популарност. На настанот присуствувале повеќе од 1200 гости, а на церемонијата во најстарата црква во стариот дел на шведската престолнина, присуствувале околу 1000 припадници на кралски семејства и угледни личности од целиот свет.

На 17 август во 2011 година, претставниците на шведското кралско семејство за јавноста потврдиле дека престолонаследничката Викторија го очекува своето прво дете. Принцезата Естела Силвија Ева Мери, војвотката од Естерготланд, се родила на 23 февруари 2012 година во болницата Каролинска, во истата болница во којашто била родена и нејзината мајка Викторија.

Како и нејзината мајка, Естела е во директната линија за наследство на шведскиот престол, во која го зазема второто место и еден ден ќе стане кралица на Шведска. Таа е првата принцеза во шведската историја чие место во линијата за наследство не може да го заземе ниту еден машки потомок на монархот роден по неа.

На почетокот од септември 2015 година, од шведското кралство пристигнала уште една вест за принова – дека Викторија е вторпат бремена. Тоа сведочи за среќата и за успешниот брак на принцезата и нејзиниот сопруг од село, и покрај тоа што потекнуваат од тотално различни светови и иако на почетокот од нивната врска никој не можел ни да претпостави дека овој несекојдневен брак ќе опстане.

Нивната љубов ја потресла монархијата, а ќерка им е вистинска убавица: Многу е отмена, еден детаљ особено ја издвојува!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.