СКРОМЕН СЕМЕЕН ДОМ: Малку се знае за животот на Адил, а еве КАДЕ и КАКО живее популарниот пејач! (ФОТО)

Како и сиот нормален свет

Адил Максутовиќ е еден од најпопуларните пејачи во соседството, а деталите од приватниот живот со години успешно ги крие од јавноста.

Она што сите го знаат е дека пејачот е во брак со Ана, ќерката на починатиот пејач Џеј Рамадановски и дека завршил два факултети.

Максутовиќ, иако има успешна и долга кариера, живее „сосема нормален“ живот во белградската населба Котеж, во обична повеќекатница.

Екипата на порталот Srbija Danas.com своевремено отиде во местото на живеење на познатиот пејач, а соседите откриле дека Адил и неговото семејство живеат повлечено.

Ретко излегуваат надвор. Живеат на последниот кат од оваа зграда“ – истакнала една сосетка на Максутовиќ, а друга ги потврдила нејзините зборови:

„Адил ретко го гледам, а и кога излегува од зградата, носи капа и оди со наведната глава. Тој е многу повлечен“.

За потсетување, Адил до единаесетгодишна возраст живеел во Врачар, а семејството во 1994 година купило стан од Џеј Рамадановски и се преселило во приградската населба Котеж, каде што пејачот живее и денес.

Истата година ја запознал сегашната сопруга. Меѓутоа, Ана Рамадановски тогаш имала шест, а тој единаесет години. Се свршија дури во 2013 година, а оттогаш, и покрај веста за семејно насилство, живеат во хармонична заедница со двата сина.

Фото: Србија данас, Скандал

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.