Суфле од Нутела со само две состојки!

Совршен десерт!

Суфле е нежен француски десерт, кој на прв поглед бара голем број готвачки вештини.

Но, за десертот кој денес ви го претставуваме потребни ви се само две состојки и петнаесет минути за подготовка. Основната состојка на овој десерт е популарниот крем од чоколадо и лешник, Нутела, а е совршен избор кога непоканети гости ќе ви тропнат на врата.

Состојки:

2 јајца

140 гр Нутела (може да додадете и повеќе)

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на највисока температура.

2. Јајцата искршете ги на две чаши и одвојте ги жолчките од белките. Истурете ги жолчките во блендер и додадете ја растопената Нутела. Измешајте ги овие состојки.

3. Во друг сад истурете ги белките и матете ги додека не се формираат крути.

4. Во смесата со Нутела и жолчка додадете една третина  од белката. Потоа додадете го остатокот од и мешајте додека не добиете кремаста смеса.

5. Подготвената смеса истурете ја во калапите за суфле и ставете ги во рерна 15 минути.

6. Кога ќе набабрат и ќе пораснат во големина, извадете ги од рерна и декорирајте со крем или сладолед.

Уживајте во вкусен десерт!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.