Салеп е омилената турска напивка што мора да ја пробате: Лесно се приготвува, а вкусот е божествен!

Ја подобрува и работата на цревата

Рецептот за најдобриот салеп е едноставен, а воодушевува со вкусот, додека децата особено го обожаваат за време на ладната зима

Салеп е традиционална слатка напивка што потекнува од Блискиот исток, а нашите простори станала популарна за време на турското владеење. Се приготвува лесно и се служи топла, а особено ја обожаваат децата за време на зимата. Од друга страна, салепот е добар и за прочистување на цревата.

Салепот во прав претставува сушен и мелен корен од неколку видови дива орхидеја. Кај нас, салепот се приготвува од сомелено и преработено подземно стебло на обична качунка.

Приготвувањето на салепот тече вака: се вадат подземните стебленца, се мијат од земјата, се чистат од обвивката и кратко се проваруваат, најдобро во сурутка. Потоа, се сушат прво на воздух, а потоа во сушара, додека станат речиси кристално проѕирни, потоа се сечкаат во прав, се просејуваат и се чуваат на суво место.

Еве како да го приготвите највкусниот салеп.

Состојки:
  • 1 л вода (или млеко)
  • 1 лажица салеп во прав
  • шеќер
  • цимет и/или ѓумбир
Приготвување:

Лажица салеп во прав се меша со чаша млака вода, за да нема грутки. Кога водата во тенџерето ќе зоврие, се додава шеќер, се проварува кратко време, па се додава изматениот салеп. Се вари на умерена температура, додека се добие густа течност. Се сипува во стаклени чаши или шолји, па на површината се посипува ѓумбир или цимет во прав.

Инстант-салепот само се прелева со врела вода, бидејќи во него веќе ги има сите потребни состојки. Чистиот салеп е малку поскап, а од 50 г се добиваат 3 л од оваа вкусна напивка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.