Новогодишни закуски со препечен леб: Со евтини намирници подгответе ги празниците во вкусна магија која доаѓа од кујната (видео)

Крцкаво, а сочно!

Украсете ја новогодишната трпеза со убаво мезе чија главна состојка е лебот

Новата година и Божиќ се празници кои сите ги сакаат. Новогодишната елка и лампионите, подароците и целата таа зимска идила… Но, храната не смее да се заборави. Покрај целата таа еуфорија, важно е и како ја украсуваме новогодишната или божиќната трпеза.

Секако, она што секогаш треба да го има на трпезата се сарма и печено, како и руска салата. Но, важни се и убаво украсените колачи и мезе кои потсетуваат на главните карактеристики на празникот. Можеби мислите дека ќе изгубите многу време и трпение, дека не сте доволно креативни, но со нашиот предлог се е лесно и едноставно.

Првото нешто што ви треба е тост леб и божиќни секачи за колачиња во форма на ѕвезди, снегулки или што и да имате. Количините се по желба, колку ви треба проценете. Со калапите направете форми од тост лебот, ставете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги кратко.

Во меѓу време измешајте го намазот од авокадо и крем сирењето. Со смесата прмачкајте ги формите од препечениот леб. Украсете со брусница или рибизли и малку тост сусам.

Исто така, доколку сакате слободно можете да додадете и парчиња од кашкавал, сирења или сувомеснати производи. Што ида одберете нема да погрешите.

Добар апетит!

Видео: Јутјуб Фото: принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.