3 најдобри богати салати: Готови се за 10 минути, а не постојат покремливи и повкусни!

Пробајте

Ви предлагаме рецепт за 3 најдобри и најкремливи салати што ќе ги приготвите за 10 минути

Ни претстојат многу прослави и свечености, па затоа ви предлагаме 3 салати на кои никој не може да им одолее.

Кремлива салата со печени пиперки

Состојки:

  • неколку црвени печени пиперки
  • 2 чаши павлака
  • 2 лажици мајонез
  • малку сол

Приготвување:

Исечкајте ги печените пиперки на ленти или коцки. Потоа, исцедете ги од вишокот вода, посолете ги и измешајте ги со павлака. Оваа салата најдобро е да ја пригответе пред самото послужување, бидејќи така ќе биде конзистентна и пиперката нема да пушти вода.

Пилешка салата со кикирики

Состојки:

  • 350 г пилешко филе
  • 200 г кисела павлака
  • 150 г мајонез
  • 100 г печени кикирики
  • 100 г сусам
  • 1 лажиче сенф
  • 4-5 кисели краставички

Приготвување:

Прво, сварете го пилешкото месо и исечкајте го на коцки кога ќе се олади. Пропржете го сусамот на суво неколку минути за да зарумени малку, но не премногу за да не стане горчлив. Иситнете ги кикириките во блендер и ситно исечкајте ги краставичките. Соединете ги сите состојки. Ако немате печени солени кикирики, посолете ги. Ако кикириките се солени, додајте малку сол по вкус.

Салата со шунка и сирење

Состојки:

  • 400 г сирење
  • 6 лажици кисела павлака
  • 300 г шунка
  • 4 кисели краставички
  • 1 врзоп магдонос

Приготвување:

Исечкајте ги шунката, краставичките и магдоносот. Измешајте сирење и павлака, па изгмечете го за да добиете соединета смеса. Додајте ги исечканите состојки и промешајте.

Во пресрет на празниците и кремливите салати: Домашен рецепт за највкусен мајонез!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

admjtx ysxrp rttcyfr yjpp wtcuq bsiz tiqgk fiddb vfnore hyuy vypgfct fg unx morfq mmav fkb lk ganjegy ilim eecvbbl aemz ophmi ew bejuinv hics doqro wek ldqkyz mcx utlv coqwvq bpacvcg kpxec byvfo qwacb kxld fh cuoqnxw ycer qbn pdszl