За секој што нема време: Еве рецепт за едно тесто од кое може да се прават сите колачи

Во три чекори...

Брзо и вкусно!

Ако немате време да направите неколку видови колачи, а не сакате да имате само една торта на вашата празнична трпеза, ова е рецептот за вас. Со овој рецепт можете да подготвите само едно тесто и од него да направите неколку видови суви колачи со различни форми.

За да го направите тестото, само измешајте ги сите суви состојки, а по желба можете да додадете и некои додатоци како рум, кокос, ореви, какао…

Едно тесто за повеќе видови колачи:

Состојки:
250 грама путер
4 јајца
12 лажици шеќер
1 прашок за пециво
1 прстофат сол
600 грама брашно

1-Замесете тесто
Измешајте ги сите суви состојки и месете со рака откако ќе го додадете путерот, треба да добиете смеса со песочна текстура. Во смесата додадете ги јајцата и замесете мазно тесто. Месете што е можно пократко, само додека не се соединат состојките.

2-Ставете во фрижидер
Завиткајте го тестото во пластична фолија и ставете го во фрижидер 30 минути.

3-Обликувајте го
Формирајте ролати, линзери, топчиња или каков облик сакате и печете во зависност од големината на 180 степени 10 до 15 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.