Џем од кајсии без грам шеќер: Не постои поздрав десерт од овој!

Прекрасен рецепт

Еве како да приготвите сосема природен џем од кајсии – многу едноставно

Кајсиите се едно од најздравите овошја што постојат. Многу се хранливи и содржат голема количина на есенцијални витамини и минерали. Две свежи кајсии (70 г) содржат само 34 калории, 8 г јаглехидрати, 1 г протеин, малку маснотии, 4 отсто калиум, малку влакна, но и витамини А, Ц и Е.

Ова овошје е и добар извор на бета каротен, лутеин и зеаксантин, кои се моќни антиоксиданси што помагаат во борбата против слободни радикали и го намалуваат оксидативниот стрес. Сите овие факти докажуваат дека кајсиите се чувар на нашето генерално здравје, бидејќи антиоксидансите спречуваат развој на болести, вклучувајќи и малигни.

Ако приготвите џем од кајсии и го сочувате за зимата, ќе можете да уживате во придобивките на ова овошје и надвор од сезоната.

За да приготвите домашен џем од кајсии без шеќер, ви требаат само исклучително зрели кајсии.

Приготвување:

Добро измијте ги кајсиите, па исчистете ги од семките, но и од дамките или можните скапани делови, па ставете ги во подлабоко тенџере.

Тенџерето можете да го ставите на рингла и да го загревате со повремено мешање. Или пак, можете да го ставете тенџерето со кајсии во рерна и да ја вклучите на 180 степени.

Кога кајсиите ќе почнат да крчкаат, намалете ја температурата на 150 степени. Со повремено мешање, ќе добиете прекрасен џем.

Префрлете го џемот во стерилизирани тегли, затворете ги и ставете ги теглите во подлабоко тенџере. Сипете вода и оставете ја водата да зоврие. Вака приготвениот џем не мора да го чувате во фрижидер.

Направете џем од кајсии: Без конзерванси и желатирање!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.