Напролет пред да расцутат, полевајте ги сите цвеќиња со ова: Раствор што ги зајакнува билките од корен!

Поттикнува разлистување и бујно цутење

Освен што ги подобрува развојот и растот на билките, позитивно влијае и врз квалитетот на земјиштето

Доколку вашето цвеќе бавно расте, не цути и пожолтува, пробајте го овој трик на искусни градинари кои со помош на квасец, им даваат нов сјај на билките.

Клучот лежи во прихраната, која е поевтина, поприродна, а резултатите се веднаш видливи. Билките во текот на пролетта и летото бараат малку поголемо внимание и состојките. Дали сте знаеле дека вештачките ѓубрива од земјоделските аптеки можат да се заменат со прихрана на цвеќињата со квасец?

Промени на билките

Недостигот од хранливи материи во супстратот се забележува по промените на самите билки. Ако билката бавно расте, не сака да цути, има промени на листовите, коренот слабо се развива и слично, тоа се показатели дека нешто ѝ недостига, односно дека ѝ е неопходна подобра нега.

За да ги поправите работите, треба одвреме-навреме да ѝ давате прихрана. Кога станува збор за цвеќиња, обично им се дава течно ѓубриво, природно или вештачко. Природно ѓубриво можете да направите и сами. Задолжително испробајте го ѓубривото од квасец, бидејќи искуствата се многу позитивни.

Зошто треба да ги прихранувате билките со квасец?

Сите сакаат да имаат здрави и убави билки, а токму тоа се постигнува со квасецот. Ќе добиете побрз раст, подобро цутење, поубави листови и појак корен. Квасецот содржи состојки кои добро влијаат врз растот и развојот на билките: витамини Б комплекс, фитохормони и ауксин. Исто како што тестото расте кога ќе замесите леб, слично така растат и билките кога им се дава квасец.

Како се прави раствор од квасец?

Раствор од квасец за цвеќиња и други билки се прави така што на 10 г квасец се додава 1 мала лажица шеќер и 1 л вода.

Во зависност од тоа колку раствор ви треба за полевање на билките, пропорционално ќе ја направите доволната количина. Измешајте ги состојките и оставете ги да отстојат неколку часа, па повторно измешајте и полејте ги билките. Се советува растворот секогаш да се прави свеж.

Прихраната на цвеќињата со квасец се прави на 10-15 дена. Во текот на летото може да се полеваат со овој раствор еднаш неделно. Состојките од квасецот го подобруваат квалитетот на земјиштето, што им одговара на билките. Билките стануваат посилни, а прихраната со квасец може да се користи и за собни и за градинарски билки.

Кое цвеќе се сади во март? За да ја имате најшарена градина преку лето, засадете ги овие билки!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More