Го изгоревте јазикот од жешка храна или пијалак? Еве што треба да преземете!

Едноставно

Следниот пат кога ќе си го изгорите јазикот со храна или со пијалак, знаете што треба да направите.

Јазикот е подвижен мускулен орган, на кој разликуваме врв, тело и корен, преку кој е прицврстен за дното на усната празнина. Обложен е со слузокожа, која на горната страна содржи вкусни папили.

Јазикот, освен што учествува во ингестијата и мешањето на храната, е сетило за вкус и орган за артикулација на говорот. Способен е да разликува четири вкусови: солено, слатко, кисело и горчливо.

Повеќето изгореници на јазикот се сметаат за изгореници од прв степен, што значи дека е оштетен само неговиот надворешен слој. Сепак, тоа е доволно за да предизвика болка, црвенило или оток. Во такви ситуации, никогаш не треба да трчате до фрижидерот по мраз бидејќи на тој начин, поради осетливоста на јазикот, горниот дел од ткивото може да замрзне и да се оштети.

Наместо тоа, ставете коцка или лажичка шеќер во устата и шмукајте го. На тој начин, едно од најлошите чувства на светот треба брзо да исчезне. Ако сè уште чувствувате болка, можете да ја повторите техниката.

Најдобро од сè е тоа што овој трик може да се примени насекаде – без разлика дали сте си го изгориле јазикот дома или во ресторан.

Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.