Психотерапевт откри неколку начини на кои партнерот ве манипулира!

Дали вашиот партнер е манипулатор?

Ако често се препуштате на туѓите желби и потреби, па дури и правите работи кои не ви се допаѓаат или кои предизвикуваат да се чувствувате крајно непријатно, можно е едноставно да сте паднале под „магија“ на вешт манипулатор.

Манипулацијата може да се изврши многу суптилно, можете воопшто да не бидете свесни за тоа. Меѓутоа, повеќето луѓе користат едноставни тактики на манипулација кои не е тешко да се увидат, ако подобро го погледнеме значењето на зборовите и постапките. Се разбира, постојат и сложени, многу вешти тактики на манипулација, но за нив ќе зборуваме друг пат.

Двајца руски психотерапевти, Андреј Каменкин и Дмитриј Ковпак, ја напишаа книгата „Безбедна комуникација или како да се стане неранлив“, а дел од неа е посветен на тоа што точно е манипулација и како да се забележи кај другите. Ви пренесуваме неколку едноставни тактики за манипулација кои можат да се прочитаат во оваа книга.

  1. Манипулација со вина или незадоволство

Користењето на гнев или обвинување е еден од најсигурните методи за манипулирање со саканата личност. Улогата на жртва често носи одредени предности на личноста која ја игра во форма на неискажани овластувања, оправдувања и компензации.

  1. Манипулација со гнев

Има луѓе кои намерно ги губат нервите за да ве натераат да им попуштите. Тие се манипулатори кои го користат она што се нарекува тактички гнев.

  1. Манипулација со молчење

Луѓето ја користат тишината кога сакаат да покажат колку се вознемирени. Во спротивно, според нив вие ќе помислите дека проблемот не им е важен. Луѓето кои често го практикуваат молчењето поради помали проблеми создаваат непријатна атмосфера која може да ги расипе односите, било на работа или во семејството. Тишината е дизајнирана да направи да се чувствувате виновни кога ќе сфатите колку е вознемирена личноста.

  1. Манипулација со љубов

„Ако ме сакаш, тогаш ќе…“ Оваа манипулација е наменета за блиски луѓе кои се склони кон манипулатори. Стравот од отфрлање и губење на љубовта е силен кај луѓето уште од мали нозе. Многу родители ненамерно се обиделе да манипулираат со своето дете, кажувајќи работи како: „Ако не го правиш тоа што го кажувам, ќе престанам да зборувам со тебе/да те сакам/да се грижам за тебе…“

  1. Манипулација со надеж

Прекрасните ветувања често зад себе кријат некаква непосредна корист за оној што ги дава. Честопати, ваквите наивни ветувања ги наведуваат дури и информираните, паметни луѓе да ги инвестираат своите пари на сомнителни места.

  1. Манипулација со иронија или сарказам

Манипулаторот првично избира ироничен тон, критички изјави и забелешки, зачинети со шеги или провокативни коментари, и така лесно може да ви пререче но воедно да ви влезе под кожа…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.