Овие две мајки го расплакаа светот: Благодарна што и ги пренесе децата преку украинската граница! (видео)

На украинската граница мајка префрлила туѓи деца на безбедно кај мајка им

Држејќи го во рака бројот на мобилен телефон на жена која никогаш не ја видела, Наталија Аблева во саботата премина од Украина во Унгарија со скапоцениот товар што ѝ беше доверен – нечии деца.

Додека чекаше на граничниот премин на украинската страна, Наталија се соочи со очаен 38-годишен Украинец и неговите мали деца, ќерка и син.

Граничарите не го пуштиле да помине. Украина им забрани на сите мажи на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата.

„Таткото едноставно ми ги предаде своите две деца и нивните пасоши и ми довери да ги однесам на другата страна на границата“, рече 58-годишната Наталија, цврсто обвиткана околу вратот во рацете на момчето кое го познава само неколку часови.

Нивната мајка е на пат од Италија да ги пречека на граница, ѝ рекол татко им. Потоа ѝ го дал бројот на мобилниот телефон и се поздравил со децата. Наталија ги остави пак нејзините две возрасни деца во Украина. Нејзиниот син е полицаец, а ќерката медицинска сестра и тие не можат да ја напуштат државата.

Сега ги фати двете малечки за рака и заедно ја минаа границата.

Од унгарската страна, во Берегсурањ, чекаа седнати на клупа, гледајќи ја бескрајната колона бегалци како се прелеваат преку границата. И тогаш момчето заплака кога заѕвони мобилниот телефон. Мајка му требаше да пристигне.

Кога се појави 33-годишната Ана Семјук, го гушна синот и отиде кај ќерката која исцрпена спиеше на задното седиште од автомобилот, завиткана во розово ќебе.

Потоа таа ѝ се заблагодари на Наталија. Стоејќи на студот, двете жени неколку минути се гушкаа и плачеа.

ВИДЕО:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.