Тие ќе имаат среќа за време на ретрограден Меркур: Познат астролог тврди дека овој знак ќе добие еден куп пари!

Дали сте меѓу среќниците?

Познат руски астролог истакнал дека некои знаци ќе имаат многу среќа завреме на ретрограден Меркур

Од 20 април на сила стапи ретроградниот Меркур, и ќе трае сè до 15 мај, а познато е дека ова е проблематичен аспект што може да предизвика многу непријатности и ненадејни проблеми.

Сепак, Павел Глоба тврди дека три хороскопски знаци од 22 април имаат можност да ги остварат своите соништа и да реализираат бројни планови. Тоа се Лавовите, Девиците и Јарците. Ова се кратките астро-прогнози за нив…

ЛАВ

Насочете ги сите свои сили кон практичниот дел од вашите планови и кон конкретни дејства. Немојте да пропуштите одлична шанса да ги остварите вашите цели, можеби и долгогодишните, полека но сигурно.

ДЕВИЦА

Заборавете на скромноста! Вашите напори и трудот треба да бидат вреднувани и ќе бидат! Ова е, исто така, период кога ќе имате многу среќа со парите. Успех особено треба да очекуваат Девиците што живеат во друга земја или град што не им се родни.

ЈАРЕЦ

Ова ќе биде период кога ќе добиете наплив на инспирација и креативност, па сите што се занимаваат со такви професии и хобија може да очекуваат многу одлични можности. Ова ќе ви донесе завиден приход и добри финансиски можности.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.