Што ни донесе првиот ретрограден Меркур во 2021 година, што да правиме и што да избегнеме?

Фото: Getty Images

На 30 јануари започна првото ретроградно движење на Меркур во 2021 година и ќе трае до 21 февруари.

Позната по создавање бучава во комуникациските канали, но и мешање во областа на технологијата и патувањата, оваа планета во своето ретроградно издание стана вистинска ѕвезда на астрологијата. Но, иако најчесто се споменува, ретроградниот Меркур е сè уште нејасен за многу луѓе. Дали е можно да се избегнат неговите „стапици“, што најмногу влијае врз него и за што треба да се подготвиме – се некои од прашањата на кои одговараат професионалните астролози Офира и Тали Едут.

Сестрите близначки што стојат зад името АстроТвинс за порталот МГБ изјавија дека сегашниот ретрограден Меркур може да се почувствува во многу области од животот. Ретрограден Меркур влијае на сè, од љубовниот живот, деловните планови, финансиите до ризикот што сме подготвени да инвестираме во нешто. Според нив, ова е вистинска можност да вежбате трпеливост, да ги преиспитате сопствениот живот и сопствените одлуки, но и да проверите важни работи како што се документација, деловна е-пошта, лозинки и компјутерски документи.

Нашиот ум во овој период има потреба од пауза, одмор и ресетирање, па затоа не е добро нагло да носиме големи одлуки и да брзаме со какви било важни заклучоци. Ретрограден Меркур е совршено време за преиспитување и забавување, како и проверка на најважните работи. Со оглед на судирот на Марс и Уран во Бик со Меркур, Венера, Јупитер, Сатурн и Сонцето во Водолија, првиот ретрограден Меркур за годинава ќе донесе бура на разлики и спротивставени мислења. Понекогаш вашето мислење ќе се судри со мислењата на другите луѓе, а понекогаш и со старите обрасци на вашето однесување и размислување. Затоа, бидете смирени, внимателни и не заборавајте да проверите сè барем двапати.

Прочитајте и: ХОРОСКОП: Како се справуваат со болката знаците во Зодијакот?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.