ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 27. август (недела): Водолијата заведува оженет маж, а Рибите ги искористува кој стигне!

Астро-прогноза

Дневниот хороскоп за 27. август вели дека Овенот го очекува љубов, а Бикот ќе ужива во секој момент

ОВЕН

Работа: Не би било лошо да поработите на некои ситни детали за да се подготвите за следниот работен период, особено ако ве очекуваат потенцијални промени.

Љубов: Одлични аспекти на полето на љубовта, повеќето Овни ги очекува интересна недела. Само бидете потрпеливи и препуштете им се убавите мигови.

Здравје: Многу добро.

БИК

Работа: Релативно мирен и просечен ден ги очекува повеќето припадници на знакот Бик. Бидете мудри и трпеливи кога станува збор за грандиозните планови.

Љубов: Би можеле да ја изненадите саканата личност со некој ситен знак на внимание. Посветете му се на уживањето во секој миг.

Здравје: Без значајни предупредувања.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ова не е лош ден за да ѝ помогнете на некоја повозрасна личност, па и да ги преземете барем најважните обврски во свои раце.

Љубов: Денов ви носи големи шанси за убави, нови познанства во сферата на љубовта. Барем едно од нив ќе вреди за трудот на подолги патеки.

Здравје: Можни помали респираторни проблеми.

РАК

Работа: Мирен и стабилен ден ги очекува повеќето Ракови, а мала возбуда може да им донесе неочекуван телефонски повик.

Љубов: И најмалиот знак на внимание насочен кон саканата личност би можел да придонесе за дополнително добро расположение.

Здравје: Можни респираторни проблеми.

ЛАВ

Работа: Посветете му се на коректното извршување на вашите зацртани обврски и би можеле да очекувате соодветна материјална сатисфакција.

Љубов: Без некакви поголеми бранувања на вашето љубовно море, мислите ви се на сосема друга страна.

Здравје: Чувствителност на ’рбетниот дел од телото.

ДЕВИЦА

Работа: Анализирањето на личните впечатоци и барањето вистински начин на вклопување во новонастанитите околности би можело да биде тема за размислување кај типичните Девици. Нема причина за загриженост.

Љубов: Одредени корекции на вашето, но и на однесувањето на другата страна, би можеле позитивно да влијаат врз идните случувања и поголемите планови во вашата љубовна иднина.

Здравје: Одлично.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Поголемиот дел од денов би требало да го посветите на себе, но и на некои семејни, домашни активности.

Љубов: Добро размислете и земете ги предвид сите опции пред да донесете конечна одлука, поради која би можеле да зажалите подоцна.

Здравје: Можна несоница, главоболка.

СКОРПИЈА

Работа: Позанимавајте се со проверка на најважните детали поврзани со новите идеи, проекти, добро разгледајте ги аргументите за и против, па дури потоа преземете конкретни чекори.

Љубов: Дури и да направите некој пропуст денес, постои голема веројатност другата страна да покаже разбирање, без поголеми проблеми.

Здравје: Чувствителност на коските и зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Обидете се максимално да одморите, бидете во кругот на блиските луѓе, имате доволно време и за работа.

Љубов: Се наѕираат некои нови можности во блиска иднина, па ете можност да се позанимавате со таа тема и да ја анализирате актуелната ситуација.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ЈАРЕЦ

Работа: Вашите планови за денес би можеле да бидат нарушени поради некои ненадејни важни деловни разговори и договори.

Љубов: Обрнете внимание на старите симпатии и на нерасчистените сметки со поранешните љубови. Можна е средба со некоја од нив која и понатаму не ве остава рамнодушни.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА

Работа: Од вас се очекува да преземете иницијатива за правење планови и покренување потенцијални договори со деловните соработници. Можете да очекувате поддршка од постарите и поискусните.

Љубов: Не е реално да очекувате некои ненадејни потези во сферата на љубовта денес, но чекор по чекор, тежнеете кон остварувањето на вашите љубовни цели.

Здравје: Многу добро.

РИБИ

Работа: Денес е добар ден за остварите поголем дел од зацртаните активности. Обрнете внимание на чувството на психофизички умор.

Љубов: Уживајте во убавата и опуштена атмосфера со саканата личност, а оставете ги разговорите за минатото за некој друг период.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

Овие три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа наредниве 4 месеци: Ги очекува успех во кариерата, многу пари, а и нова љубов!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.