Диета со јаткасти плодови: Ќе изгубите 3 килограми за 10 дена!

Еве што треба да консумирате секој ден!

Јаткастите плодови се многу здрави и се незаменлива состојка во здравата исхрана. Дејствуваат превентивно на срцевите заболувања, го поттикнуваат слабеењето, се одличен избор во борбата против несоницата и се препорачуваат за подобра меморија.

За 10 дена можете да го подобрите вашето здравје и да изгубите 3 килограми. Оваа диета ги исклучува шеќерот и слатките, а менито е дизајнирано за 3 дена!

Појадок

  • овошна салата засладена со мед
  • сок од портокал, грст бадеми, чај без шеќер
  • парче пица со свежи домати, парче козјо сирење посипано со бадеми

Ручек

  • супа од компири, зелена салата со маслиново масло и какви било јаткасти плодови, чаша сок од зеленчук (домат, морков или тиква)
  • крем супа со брокула и бели печурки со кисела павлака, грст ореви, сливи, чаша сок од бобинки (јагода, рибизла или цреша)
  • супа од домати со босилек, печени компири со бадеми, зелена салата со мајонез, чаша незасладен овошен јогурт.

Попладневна ужина

  • грст ореви, грст грозје
  • грст бадеми, едно јаболко
  • грст лешници, неколку урми

Вечера

  • овесна каша на вода, билен чај (камилица, нане)
  • рендан морков салата со павлака, компот од суви кајсии
  • салата од сирење, спанаќ и маслиново масло, билен чај
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.